Претходна статија
Приземје – 1 дел
Следна статија
Приземје – 2 дел

Голем чекор до финалниот изглед на Националната Арена

Објавено на 01.12.2009 во категорија Блог.
Facebooktwitterlinkedin

Северна трибина - поттрибински просторииМакедонските спортски вљубеници на големиот национален празник 2 Август, добија празничен подарок со кој ќе се гордее целата држава – Националната Арена „Филип II Македонски“ во Скопје. Доизградена е северната трибина со капацитет од над 10.000 седишта и со тоа моменталниот максимален капацитет на стадионот изнесува 33.000 седишта. КНАУФ во соработка со партнер фирма целиот подтрибински простор го измалтериса со малтерот МP75. На свеченото отворање на стадионот македонската фудбалска репрезентација одигра пријателски натпревар со моменталниот европски шампион во фудбал, репрезентацијата на Шпанија. Конечниот резултат беше 2:3 иако Македонија на полувремето имаше водство од 2:0. Како и да е, на крајот ова беше сепак победа за нас, Кнауф во Македонија, посебно ако се земе предвид фактот дека во овој период имавме цел зголемување на продажбата на нашите гипсени малтери.

 

Инвеститор:
ЈПССДП РМ

 

Главен изведувач:
Бетон АД Скопје

 

Идеен, основен и изведбен проект:
диа Емилија Јовановска Зафирова,
диа Вера Жежељ,
диа Викторија Будимовска Скаричева

 

Проект за ентериер за комерцијалниот дел од стадионот:
Македонијапроект АД

 

Изведба:
Кнауф Малтери – МОСТЕГ ИНВЕСТ
Кнауф сува градба – Бетон занатски погон

 

Применети системи:
Малтер Кнауф MP75
Различни системи за сува градба

 

###