Паралелно со малтерисувањето на ѕидовите се одвиваа работите околу глетувањето на таваните. Бидејќи тие се армирано бетонски површини кои се доволно рамни, единствено потребно беше да се изглетуваат со глет маса.
Како подготовка пред глетувањето се изведе „чекирање“ на сите испакнати делови на таваните особено на местата кои биле меѓу споевите на оплатните табли. Некаде се појавија испакнатини при бетонирањето на плочата со должина од 1 cm. Оваа обработка се одвива машински со бормашина.
Глетувањето на таваните се одвиваше по бандажирање на споевите кои претходно беа „чекирани“. Бандажирањето се изведе со мрежичка и глет маса. Овие споеви најпрво се чекаше да се исушат, за да се нанесе слој од глет маса во 2 раце.
Глетувањето го изведовме со производот Knauf Top Finish. За површина од околу 190 m2 потрошивме околу 325 kg глет маса на „Кнауф“ или околу 1,7 kg/m2.
Глет маса од „Кнауф“
Бандажирање споеви на таванот
Бандажирање споеви на таванот
Бандажирање споеви на таванот
Изглед на глетувани тавани и малтерисани ѕидови