Претходна статија
Величествениот Баљшој театар реконструиран со материјалите на Кнауф
Следна статија
Фасадата е огледало на душата на секое здание

Фоторепортажа: Урбаните аномалии на главниот град

Објавено на 06.04.2012 во категорија Блог.
Facebooktwitterlinkedin

Скопје, како главен град, е секогаш центар на внимание кога станува збор за градежни активности од значаен калибар. За жал, во една таква ситуација, основните урбани елементи, како редовно одржување на зелените површини, чистење на коловозите, асфалтирање или поплочување на тротоарите, грижа за чистотата и сл, некако остануваат незабележани и без поголем интерес за нивно редовно одржување. Иако изминатава година се започна со реновирање на неколку јавни површини, тротоари, паркови, уредување на празни површини, сепак во голем дел градското јадро, но и останатите општини, кубурат со урбани елементи кои се зачувани и неоштетени. Тука пред се е и проблемот со несовесните возачи кои не бираат локација каде ќе го паркираат своето возило. Но, Скопје има уште еден значаен проблем, дивите живеалишта и запрежните коли. Во недостаток на активна поддршка за социјализирање на тие лица, секојдневен декор се овие импровизирани возила и живеалишта кои нималку не даваат пријатна слика за било кој посетител и граѓанин на метрополата. Минатото лето бевме сведоци на животно (коњ) кој колабираше на една од скопските улици. Напори за урбанизирање на Град Скопје постојат. Но тие се повеќе насочени кон капитални проекти, наместо кон овие основни проблеми со кои секојдневно се соочуваат граѓаните. За поздравување е купувањето на возила за чистење на улиците.


Во прилог следи фоторепортажа на мал дел од моменталната ситуација со овие урбани површини, чие средување е од големо значење за понатамошниот правилен развој на овој град. Пример се неколку градови од поранешна Југославија од кои Град Скопје може да преземе искуства. Збратимувањето со Загреб може да помогне преку нивни совети во решавање на овие проблеми.


1. Импровизирани паркиралишта

 

Уништено зеленило од несовесни возачи секојдневна слика од универзитетскиот кампус
секојдневна слика од универзитетскиот кампус во близина на ТЦ Скопјанка во близина на ТЦ Скопјанка


2. Уништени зелени површини

позади ТЦ Скопјанка секојдневна слика од универзитетскиот кампус во близина на НБРМ
кај Транспортен центар кај Транспортен центар



3. Диви и импровизирани живеалишта (значителен е бројот на вакви објекти во близина на центарот на Скопје)

кај Транспортен центар во близина на паркингот кај Холидеј ин спроти Македонски пошти кај Транспортен

 

4. Лоша состојба со пешачките патеки (во овој дел сепак ситуацијата е многу подобрена во однос на минатите години)

кај судскиот комплекс во близина на населба Крњево

5. Запрежни коли (покрај оваа појава забелешителна е и појавата на домашни животни, особено во делот на НБРМ)

запрежна кола кај Транспортен живина во близина на НБРМ

6. Нечистота и останато

кај новиот паркинг кај Транспортен кај новиот паркинг кај Транспортен кај Веро центар
неисчистени улици неисчистени улици кај Транспортен центар
складирање сено кај Транспортен центар неурбанизирана средина

Забелешка: Овој текст и оваа фоторепортажа немаат за цел деградирање, дискриминирање и омаловажување на оние кои управуваат со запрежните коли и кои живеат во импровизирани нелегални живеалишта. Намерата на овој текст и оваа фоторепортажа е да се пренесе кај надлежните моменталната ситуација (за која сум свесен дека им е добро позната ама веројатно се зафатени со поважни проекти) со надеж дека во скоро време дел од овие проблеми би станале минато.

– Сликано е на локации во Општина Центар и Општина Аеродром. Ова не значи дека ваквите аномалии се непозната форма и во сите сотанати скопски општини.

Ненад Крајчиновиќ