Електричните инсталации се изведуваат паралелно со инсталациите за водовод и канализација. Тоа е случај во овој објект, но не значи дека тоа мора така да биде. Во овие инсталации изведуваме инсталации за јака и слаба струја. Во јака струја спаѓаат сите светлечки места, приклучоци и доводи за електрична енергија за посебни потрошувачи. Во слаба струја припаѓаат инсталации за телефонија, вмрежување, домофонија, видео надзор и инсталации за алармни уреди.

Се изведува според однапред подготвен проект

Местоположба на главната табла со осигурачи и доводни кабли

Спроведување на каблите за приклучни места (штекери)

Спроведување на каблите со проширување на фугите во Isospan-от

Зацврстување на каблите со гипс

Спроведување на каблите во преградните ѕидови (над вратата ќе има табла)

Електични кабли низ ѕидовите

Довод на струја во кујната