Претходна статија
Се продава државно земјиште за изградба на винарии
Следна статија
ТЕМА: Македонија на дното според новите километри автопат во 2011 година

Во Куманово ќе се гради затворен базен

Објавено на 23.09.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Куманово ќе гради затворен базен на површина од 5.600 метри квадратни во близина на спортската сала во овој град. Објектот ќе содржи спортски и комерцијален дел, при што на 4.000 метри квадратни ќе биде сместен затворен базен и спа – центар, додека преостанатите 1.600 метри квадратни се предвидени за комерцијални содржини во рамките на комплексот.

 

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 1,8 милиони евра, а средствата ќе бидат обезбедени од буџетот на кумановската локална самоуправа. Тендерот за изградба на објектот е распишан и од денес тече рокот за пријавување на градежните компании, а подготвена е  и целокупната документација за негова изградба. Според информациите од општинските власти, камен темелникот на спортскиот објект ќе биде поставен на Денот на ослободување  на Куманово на 11 ноември.

 

 

Бојан Блажевски