На булеварот Крсте Петков Мисирков, непосредно до Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, денес беше поставен официјален камен темелник за катна гаража во која инвестира фирмата „Макоил“. Основата на објектот е со површина од 1.340 метри квадратни, а паркинг капацитетот ќе биде за 260 возила. Инвестицијата е во висина од 3,5 милиони евра.
Ископот е веќе направен и се планира објектот да се комплетира за 210 работни дена. Проектот го изработи „Студио 2000“, изведувач е штипски „Бетон“, а надзорот ќе го врши „Тим инженеринг“. Ова е прва од предвидените четири гаражи, кои „Макоил“ планира да ги изгради во Скопје. Директорот на фирмата, Мите Јовановски, најави дека за два до три месеци ќе стартуваат градежните активности и на преостанатите три објекти.
Форумска дискусија за овој проект » овде