Управата за заштита на културното наследство одвои нови 59 милиони денари за довршување на Свети Климентовиот универзитет на Плаошник во Охрид. Со претстојниот градежен зафат е предвидено да се завршат ѕидарските и фасадерските работи на објектите А, Б и В од комплексот, кој се наоѓа во финална фаза од изведбата на градежниот дел. Во моментов е завршена карабината на Музејот на Плаошник, Свети Климентовата библиотека и Центарот за хуманистички науки, додека од спротивната страна на комплексот на ниво на карабина е подигната резиденцијата на Македонската православна црква.
Во наредните 12 месеци е предвидено да се комплетира надворешниот изглед на комплексот, по што ќе остане довршувањето на седиштето на Богословскиот факултет. За изведувач на градежните работи е избрана фирмата „Митан пром“ од Охрид. Со најновиот зафат, вкупната вредност на Свети Климентовиот универзитет на Плаошник ја достигна сумата од околу 12,3 милиони евра. Издигнувањето на комплексот започна кон крајот на 2012 година, а неговото пуштање во употреба е планирано да се одржи на крајот од 2017, односно најдоцна до почетокот на 2018 година.
» Форумска дискусија за овој проект
Бојан Блажевски
bojan.blazevski@build.com.mk