Претходна статија
Сапсан се шири низ руските пруги
Следна статија
Виртуелна Македонија (краток опис)

Acela Express – најбрзиот воз во САД

Објавено на 28.08.2010 во категорија Блог.
Facebooktwitterlinkedin

Acela Express е експресен воз на американската компанија Амтрак што сообраќа помеѓу Вашингтон, Балтимор, Филаделфија, Њујорк и Бостон. Со максимална брзина од 241 километар на час, Acela Express претставува најбрзиот воз што сообраќа на американско тло.


#Овој брз воз со многу нешта доведе до еволуција на неразвиениот железничко-патнички сообраќај во Соединетите Американски Држави.  Според статистичките податоци, бројот на лица што годишно ги користеле услугите на Acela Express во текот на 2009 година изнесува 3.019.627 патници. Големиот број на патници на овој брз воз е невообичаен дури и за железнички развиениот северозападен дел на САД. Дневно на линијата помеѓу Вашингтон и Бостон сообраќаат 20 возови со просечна брзина од  129 километри на час, со што Acela Express ги превезува патниците од Вашингтон до Бостон за околу 7 часа минувајќи оддалеченост од 734 километри помеѓу двете крајни станици.


#Во однос на техничките карактеристи на возот, Acela Express е заеднички производ на големите произведувачи на возови Bombardier и Alstom. Изненадувачки за американско тло, наместо на нафта, овој воз сообраќа на електрифицирана стандардна пруга од 1.435 mm.  Гарнитурата ја достигнува максималната брзина од 240 километри на час при моќност од 6.000 коњски сили со четирите асинхрони електрични мотори превземени од француските супер брзи возови TGV.


#Првиот воз беше пуштен во сообраќај на 11 декември 2000 година. Од тогаш до денес, Acela Express се наметна како сериозна конкуренција на моќните американски авиопревозници во северозападниот дел од земјата со значајно учество од 37% од вкупниот број на превезени патници помеѓу Њујорк и Бостон. Како последица на тоа Acela Express претставува единствениот патнички воз што носи профит на слабо државно-субвенционираната компанија Амтрак. Како и да е, ограничувачките американски закони не дозволуваат развој на Acela Express во супер брз воз налик на оние од Јапонија, Кина и Европа. Со тоа овој атрактивен воз сеуште претставува поспоро превозно средство од авионскиот сообраќај на линијата Вашингтон – Бостон.


#Електромоторната гарнитура се состои од еден вагон со седишта од прва класа, четири вагони со бизнис седишта и еден бистро-вагон во кој се служат пијалоци и храна со простор за седење за 303 патници. Целиот воз е опремен со супер брз интернет. Acela Express ја потврдува тезата дека железничкиот патнички сообраќај може да биде оддржлив за развој и во Соединетите Американски Држави доколку се истисне силното лобирање на моќните американски авио компании.


#



Бојан Блажевски