Претходна статија
ДУП-от за Дебар Маало - заедничко решение на Општина Центар, граѓаните и НВО секторот
Следна статија
Македонија станува енергетска колонија на странски компании?!

Ќе се изготвува проект за патот од Крива Паланка до Деве Баир

Објавено на 20.10.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Јавното претпријатие за државни патишта допрва ќе ја оформува проектната документација за реконструкција и надградба на патната делница од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир. За изготвување на проектот за овој сегмент од патниот Коридор 8 ќе бидат неопходни 15 месеци. Јавното претпријатие денеска го распиша огласот за пронаоѓање проектантско биро што ќе ја изработи документацијата, која е со проценета вредност од 22.880.000 денари, односно околу 370.000 евра без вклучен ДДВ. Заинтересираните субјекти треба да ги достават своите понуди за учество на огласот најдоцна до 9 декември.

 

Наместо автопатска делница, делницата од Крива Паланка кон границата со Бугарија ќе се доведе единствено на ниво на експресен пат. За овој патен правец, кој минува низ сложен планински предел, допрва ќе се трага по финансиски средства од меѓународни институции. Пред неколку дена, македонските власти потпишаа договор со Светска банка за заем од 83 милиони евра, средства наменети за изградба на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk