Претходна статија
„Барокен“ деловен објект ќе се гради кај спортскиот центар „Кале“
Следна статија
Се продаваат плацови за куќи во населбата „Јака“

Никој не е заинтересиран за изградба на трамвајот во Скопје

Објавено на 28.01.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Пропадна тендерот за изградба на трамвај во Скопје. Денеска беше последниот ден за доставување понуди за реализација на капиталниот инфраструктурен проект, но до Градот Скопје не пристигнала ниту една понуда. Крајниот рок за доставување понуди од домашни и странски компании беше продолжен четири пати, но и покрај едногодишното чекање никој не пројави интерес за проектирање, изградба, финансирање, стопанисување и трансфер на лесниот шински превоз.

 

 

 

 

Натамошната стратегија за реализација на трамвајот во главниот град останува непозната. „Град Скопје дополнително ќе ја информира јавноста за понатамошните постапки“, велат за „Билд“ од Одделението за односи со јавност на Град Скопје. Покрај можноста за изведба на трамвајот по пат на јавно – приватно партнерство од страна на концесионер, градската администрација има опција да го реализира овој проект со помош на македонската влада и финансиски средства од државниот буџет, може да побара заем од меѓународните финансиски институции, или пак, дефинитивно да се откаже од идејата за остварување на овој инфраструктурен проект.

 

Првата фаза од реализацијата на трамвајот е проценето дека би чинела 243 милиони евра. Трамвајската линија 1 е со предвидена должина од 12,1 километри, при што во досегашните тендерски постапки се бараше приватниот концесионер да набави најмалку 22 трамвајски возила.

 

 

Текст, фото: Бојан Блажевски