Претходна статија
Со зголемена добивка лани, скопски „Бетон“ чека нови договори од државата
Следна статија
Започна реконструкцијата на скопската железничка станица

Милениумскиот крст ќе се реконструира во наредните девет месеци

Објавено на 28.06.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески го означија почетокот на градежните работи за реконструкција и адаптација на Милениумскиот крст на врвот на Водно. Со зафатот е предвидено објектот да добие нови содржини, а со тоа и да се зголеми неговата атрактивност. „Овој проект опфаќа градежни работи со што ќе се добие целосна антикорозивна заштита на челичната конструкција на Милениумскиот крст, демонтажа на постојниот и изградба на нов панорамски лифт со придружни простории и елементи, поставување електрични инсталации, опрема и агрегат, изградба на фекална канализација и санитарни јазли, како и регулирање на водоснабдувањето до Милениумскиот крст и изградба на водоводна мрежа“, изјави градоначалникот Коце Трајановски.

 

 

 

За изведувач на градежните работи за реконструкција и адаптација на Милениумскиот крст е избрана компанијата „Турбо инженеринг“, која ќе треба да го реализира целосниот проект во временски период од девет месеци. Финансиската конструкција на зафатот изнесува околу 70 милиони денари. За време на одвивањето на изведбените активности, просторот околу овој објект ќе се огради, додека жичарницата до врвот на Водно ќе работи непречено. На денешното започнување на градежните активности беше обелоденето дека со финансиска поддршка на македонската влада ќе се гради и втората делница од Жичарата на Водно, од Средно Водно до подножјето на планината, проект што ќе се оствари најдоцна до 2018 година.