Претходна статија
Продолжува реконструкцијата на Зоолошката градина во Битола
Следна статија
РЕПОРТАЖА: „Малата Виена“ пулсира крај брегот на реката Бегеј

Пет милиони евра за откупен центар на јаболка во Ресен

Објавено на 28.02.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

извор: Општина РесенКомпанијата од Дубаи „Епл Ленд“ (Apple Land) денеска ја стартуваше изградбата на откупно – дистрибутивниот центар за јаболка кај локалитетот Макази близу Ресен [»мапа]. Странскиот инвеститор во наредниот период планира да вложи пет милиони евра во објектот во кој се очекува да се вработат околу 100 лица. Изградбата ќе се одвива во три фази и до почетокот на септември годинава треба да се комплетира ладилникот со капацитет од 5.000 тони јаболка. Со целосната реализација на проектот, предвиден е вкупен капацитет од 10.000 тони јаболка што ќе се откупуваат од земјоделците во преспанскиот регион. Јаболката ќе може да се чуваат во временски период до 10 месеци, без притоа да се наруши квалитетот и класата на ова овошје.

 

„Епл Ленд“ се реши да инвестира во Македонија преку купување на градежното земјиште во ноември минатата година, за кое плати 4.361.743 денари (околу 70 илјади евра). Објектот ќе се гради на парцела од 61.433 метри квадратни и истиот ќе се издигне во висина од 12 метри. Проектант е „Иванов Инженеринг“ од Битола.