Претходна статија
Обнова на фасадите на заштитени објекти долж булеварот „Илинден“
Следна статија
„Гранит“ ќе го довршува објектот на Македонската филхармонија

Жителите на Капиштец ќе добијат нова детска градинка

Објавено на 17.02.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Најдоцна до март годинава треба да биде поставен камен темелник на новата детска градинка „Кочо Рацин“ во скопската населба Капиштец, која ќе се гради на местото на постоечките дотраени бараки на градинката, помеѓу улиците „Козара“ и „Васил Ѓоргов“. Објектот ќе се простира на површина од 2.200 метри квадратни и ќе се состои од осум занимални, три јасли, централна кујна, амфитеатар и свечена сала. Во него е планирано да се згрижат 270 деца.

 

 

 

За реализација на проектот Општина Центар потпиша договор со градежната компанија „Гранит“ од Скопје. Вредноста на договорот е 95.027.336 денари без вклучен ДДВ, а финансиите се обезбедени од буџетот на Општината. Оперативата на „Гранит“ треба да ги заврши градежните работи во рок од седум месеци.