Print Page | Close Window

Локална самоуправа

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбани прашања
Forum Discription: Урбанизам, урбана опрема, урбана мафија...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=544
Printed Date: 01-Sep-2014 at 09:29


Topic: Локална самоуправа
Posted By: lslcrew
Subject: Локална самоуправа
Date Posted: 17-Oct-2008 at 01:26

Македонските општини со најниски приходи во Европа

Македонските општини, според приходите на жител, се убедливо на европското дно. Во споредба со словенечките и хрватските единици на локалната самоуправа, нашите градоначалници имаат 9 пати помалку пари на располагање за реализација на своите проекти. Заостанувањето зад српските и бугарските, пак, е нешто поутешно и се движи во сооднос од два до четири пати. Споредбата со оние од Западна Европа, и во однос на надлежностите и во однос на приходите, се сведува на илузија.

Овие загрижувачки резултати произлегуваат од компаративната анализа подготвена од Заедницата на единиците на локалната самоуправа, прва од ваков вид по воведувањето на процесот на децентрализација пред три години. Споредени се општинските буџетски приходи во 2006 и планираните буџети за годинава, но соодносот останува ист. За паралела, земени се главните градови во Словенија, Хрватска, Бугарија и во Србија, како и општини со број на жители од 45.000 до 100.000 и од 9.000 до 20.000.На ниво на држави, Словенија има највисоки просечни приходи на жител во општините од 518 евра. Следуваат Хрватска со 492, па Србија со 221 и Бугарија со 138 евра. Македонија е последна, со 64,75 евра приход на жител.

- Знаевме дека немаме пари, ама немавме претстава дека сме убедливо на дното на скалата на приходи на локалната самоуправа. Општините мора драстично да ги зголемат своите изворни приходи и тоа најмалку за 10 пати, за да можеме да фатиме чекор со општините од соседните земји - забележува градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на Комисијата за финансирање и буџет на ЗЕЛС, Џорџе Арсов.

Во Словенија и во Хрватска персоналниот данок на доход е основниот извор за финансирање на локалната самоуправа. За разлика од Македонија, каде што општините добиваат само 3 отсто, таму за локалната самоуправа се издвојуваат 35, односно 52 процента.Концесиите во Хрватска се заеднички приход за државата и за општините. За минералните суровини и геотермални води тие се делат по половина, за искористување на водите во сооднос 30:70 во полза на државата, а од концесиите поврзани со морето една третина добиваат општините. Од закупот и продажбата на земјоделското земјиште, хрватските општини добиваат 50 отсто.

Бројките говорат дека пред две години Загреб, со речиси 780.000 жители, имал вкупни приходи од над 822 милиона евра или по 1.055 евра на жител. Скопје бил последен меѓу главните градови. Со евидентирани 506.926 жители остварил вкупен приход од над 55 милиони евра, односно малку над 109 евра на жител. Извесно намалување на тој сооднос меѓу двата града, од девет на шест пати повеќе приходи на жител, е планиран за оваа година. Разликата е во тоа што загрепскиот градоначалник очекува приходи од 1.346, а скопскиот 247 евра на жител. Во категоријата градови до 100.000 жители, битолските очекувања од 175 евра на жител се пет и пол пати помали од тие во Крањ или четири пати помалку од Вараждин. Во општините до 20.000 жители, пак, Ресен планирал 198 евра на жител, што е 15 пати помалку од Пореч, на пример, или над четири пати помалку од Блед или Царево.

ИНФО-Данок и концесии

Во Словенија и во Хрватска персоналниот данок на доход е основниот извор за финансирање на локалната самоуправа. За разлика од Македонија, каде што општините добиваат само 3 отсто, таму за локалната самоуправа се издвојуваат 35, односно 52 процента.Од закупот и продажбата на земјоделското земјиште, хрватските општини добиваат 50 отсто.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9F57B90F98700840A55883BC62AD7A92

Се мислев помеѓу нова нишка "децентрализација" и оваа, ама сепак се одлучив за разно пошто немаме некои сериозни муабети околу децентрализацијата. Ако треба накнадно.




Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Feb-2009 at 18:03

ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА КАКО КВАСЕЦ

Изборите квасец за општинската администрација

Во Македонија мора да има закон, зашто се вработува преку партиите, а ним само небото им е граница, вели професорката Гордана Силјановска

Вработувањето државни службеници во општинските служби мора да се ограничи со закон бидејќи општините се претворија во бироа за вдомување партиски активисти, сметаат експерти и градоначалници.Нивното барање доаѓа откако последниве месеци зачестија огласите за вработување во локалната администрација. Податоците од пред три месеци покажуваат дека во општините се вработиле 2.481 државен службеник, 451 повеќе од претходната година. Антикорупциската комисија соопшти дека пред локалните избори се распишани конкурси за дури 871 лице од кои голем број треба да се вработат во локалната власт.Експертот за локална самоуправа Гордана Силјановска, професор на скопскиот Правен факултет, укажува дека проблемот со прекубројни вработувања може да се реши со примена на европската практика.

- Во ЕУ има математички формули според кои може да се дојде до прифатливата бројка на вработени во администрацијата. Во Македонија, за жал, и тоа мора законски да се ограничи. Овде се вработува само преку партии, а тие немаат никакви рамки, односно само небото им е лимит - вели Силјановска.Поранешниот градоначалник на општина Карпош и претседател на ЗЕЛС Андреј Петров, како сегашен пратеник, најавува дека наскоро пред пратениците ќе предложи закон за ограничување на вакви вработувања.

- Оптимално е еден службеник да услужува илјада жители. Поради зголемените ингеренции на општините тој сооднос кај нас треба да е 1,2 службеник на 1.000 жители. Оваа бројка мора законски да се регулира со што ќе се застане на патот на трупањето партиски кадри во општинската администрација - објаснува Петров.

Податоците покажуваат дека една општина просечно троши околу 20 отсто од својот буџет за плати на службениците. Тоа го прави функционирањето на општините многу скапо и ја оневозможува нивната поголема ефикасност во решавањето на проблемите на граѓаните.

- Се случува градоначалник што нема намера втор пат да се кандидира за функцијата, при крајот на мандатот да вработи повеќе државни службеници со кои неговиот наследник нема да знае што да прави, а ќе мора да им дава плата - посочува сегашниот претседател на ЗЕЛС и градоначалник на Гази Баба, Коце Трајановски. Тој се согласува, токму поради вакви злоупотреби, законски да се ограничат вработувањата во општините, иако смета дека општинската администрација и не е многу голема.

- Ограничувањата треба да бидат и според изворите на приходи што општината ги остварува според бројот на населението. Така општинските раководства ќе се заштитат од притисоци и од нереални барања за вработување. За да нема изигрување и на ваквата законска рамка во најавената регулатива треба да се вметне и вработувањето по договор - вели Трајановски.

Советници волонтери

Паушалите што ги земаат општинските советниците - по 20.000 денари за три седници месечно - исто така се голема ставка во буџетите на општините. Партиите го користат тоа за да ги наградат своите кадри. Вакво нешто е избегнато во САД, Германија, Шведска и во други земји со тоа што советниците во помалите општини својата работа ја извршуваат волонтерски. Таму за функцијата се зафаќаат тие што навистина имаат намера да работат. Експертите укажуваат дека за да се случи ова во Македонија не треба да се менува никаква законска регулатива и дека советникот само треба да донесе лична одлука.

Антонио Спасев



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=9E5E22E868FDBC4EA1822140E2E24207


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Apr-2009 at 01:59

УНЕСКО бара донесување закон за Охрид

Долгогодишната идеја за посебен закон за Охрид, најверојатно, ќе се реализира кон средината на годинава

Симон Илиевски

Охрид - Долгогодишната идеја за донесување посебен закон за Охрид, најверојатно, ќе се реализира кон средината на годинава. Ова го вети министерката за култура Елизабета Канческа-Милеска и најави дека интензивно се работи на подготовка на менаџмент-планот за валоризација на културното и природното богатство, документи на кои подолго време инсистира УНЕСКО. Инсистирањето на Агенцијата за заштита на светското природното и културно наследство при ОН е оправдано поради тоа што немањето закон за Охрид е пречка за добивање финансиска поддршка, пред се', за заштита на ретките културни вредности.

„Во последните години стагнираа активностите за донесување на законот за Охрид и менаџмент-планот за валоризирање на културното наследство. Затоа моравме да го интензивираме процесот и сега на подготовката на законот за Охрид интензивно се работи од страна на Управата за заштита на културното наследство и Министерството за заштита на животната средина.

Исто така, се работи на менаџмент-планот, кој е важен за Охридскиот регион и затоа во процесот се вклучени невладините организации, стручни институции, МПЦ и граѓани“, објаснува министерката за култура Елизабета Канческа-Милеска.

Нацртот на менаџмент-планот, како што се најавува, треба да биде готов до јуни годинава, по што ќе биде доставен на разгледување до Регионалната канцеларија на УНЕСКО во Венеција. Документот пред неговото конечно донесување ќе биде ставен на јавна расправа пред граѓаните, надлежните институции и експертската јавност. На оваа тема во Охрид се одржа семинар на кој покрај домашните експерти, беше вклучен и тим од Црна Гора, кој работеше на подготовка на нивниот менаџмент-план.

„За донесување посебен закон за Охрид имаме голема и отворена поддршка од УНЕСКО и таа поддршка мора да ја искористиме. Досега од Општина Охрид не се доставувани проекти за да се добијат средства од УНЕСКО. Оттаму постојано не' предупредуваат и се надевам дека брзо ќе го надминеме“, вели археологот Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.

Според него, со законот за Охрид ќе се регулира заштитата на целото подрачје, а особено на старото градско јадро, како и археолошките локалитети во непосредната околина. Според сегашните процени, овој важен закон ќе биде донесен до средината на годинава.

Градоначалникот Александар Петрески во изборната програма на локалните избори, на донесувањето закон за Охрид му даваше посебно место. Од неговиот кабинет велат дека во соработка со надлежните институции ќе го следат и ќе го поддржуваат процесот од нацртот, па се' до донесувањето на законот, кој ќе биде правна рамка за заштита, но и валоризација на природните и културните вредности. За експертите тоа е важно поради отворање можности за финансирање проекти од страна на УНЕСКО, европските фондови, но и од приватни донатори.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=CB1C7BBB7661F343855D89D423B5BA8F



Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Apr-2009 at 02:05
За Скопје веќе има посебен закон, еве за Охрид повеќе од извесно е дека ќе има, за Тетово едно време се шпекулираше, така да може е подобро темелно да се смени законот за локална самоуправа и општините да почнаат да добиваат посебен статус на рурална/урбана општина. Да се подготви еден закон за локална самоуправа кој темелно ќе ги опфаќа и скопје и сите друхи градови и села. Така ќе може уствари и физички да ги одделниме урбаните од руралните делови, на градовите да им дадеме целовистост (Скопје) па после градовите да имаат плус ингеренции во своите внатрешни уредувања, а исто таа ќе може полесно да се предвиди дополнителни средства за руралните средини и бенефиции за инвестирање во руралните општини. Ќе може општините да се организираат внатре и да определуваат кој делови од градот ќе бидат специално заштитени и под диреектна управа (скопксо кале, скопска чаршија, самоилова), кој делови ќе имаат статус на резиденцијални (тука ќе има организирано месни заедници) и слично.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-May-2009 at 15:28

Советници не враќаат милион евра

Изминатите советнички гарнитури во Градот и во општините уште не вратиле околу еден милион евра што ги зедоа гласајќи незаконски одлуки


Се движат во погрешен правец: со невратените паушали од советниците може да се изгради речиси половина клучка како таа кај „Континетал“

Над еден милион евра, според груби процени, незаконски зеле членовите на советите, но и градоначалниците од Градот и скопските општини. Тоа е половина од сумата потрошена за капитални зафати како клучката кај „Континентал“, булеварот Словенија или, пак, за претстојното проширување на Илинденска.

Во изминатите четири години советниците се потрудија да изгласаат што повеќе незаконски одлуки за паушали. Според досегашната практика на земање незаконски пари, излегува дека повеќе се занимаваат со себе отколку со проблемите на граѓаните. Користејќи дупки во законите и со произволно толкување на легислативата, само во Аеродром, како што обелодени поранешниот градоначалник Кирил Тодоровски, „стопени“ се околу 250.000 евра за оваа намена. Таму советниците за три години изгласале околу 16 одлуки со кои си делеа пари за својот џеб.

ВЛАСТ И ОПОЗИЦИЈА СПЛОТЕНИ ВО ГРАБЕЖ 

Кога станува збор за делење пари, досегашната практика покажа дека советниците, како од владејачката партија така и од опозицијата, секогаш се сложни и во „невидена љубов“. Ваква практика имаше во речиси сите општини. Месечно, во зависност од одржаните седници, советниците земаа и до 30.000 денари надоместок. Се делеа пари од ракав за членување по комисии, како и за матичари.

- Незаконски земените паушали мора да се вратат - препорачуваат државните ревизори во речиси секој извештај, подготвен од контролори на финансиското работење во Градот, но и во општините. Но, парите никој не ги враќа. Локалните власти даваат начелни изјави дека парите ги бараат по судски пат, но со години тие никако да бидат вратени. Безобразието и алчноста на народните локални избраници достигна врв пред три месеци, кога советниците во Кисела Вода изгласаа одлука за присвојување на компјутерите дадени на користење за време на мандатот. Нивното тврдење беше дека тоа го прават бидејќи не им биле исплатени паушали.

- Компјутерите се имот на Општината, не може да се земат кога некој ќе посака. Одлуката е дадена за преиспитување на законитоста и уставноста пред Уставен суд, а алармирана е и антикорупциската комисија. Оттаму испратија писмо со кое укажаа дека одлуката е незаконска, но советниците ја игнорираа. Чекаме одговор од Уставниот суд. Ако одлуката падне, ќе мора да ги вратат компјутерите. Ако не сакаат, ќе ги тужиме -изјавија надлежните од Општина Кисела Вода.

НАДОМЕСТОК КАКО ПЛАНИНА ЗА СЕДНИЦИ ОД 10 МИНУТИ

Во Градот, пак, практиката за незаконско земање паушали беше прекината во 2008 година, но дури по укажувањето на ревизорите. Претходно, во текот на 2007, над законскиот лимит, советниците земале 9.024 денари од седница. Законскиот лимит беше 30 отсто од просечната плата, односно 4.300 денари. Во извештајот немаше бројка за вкупната сума што ја должат градските советници.

На прашањето дали сегашниот градоначалник Коце Трајановски ќе бара од Советот парите да бидат вратени, како што препорачаа ревизорите, добивме премногу општ одговор.

- Градоначалникот Трајановски се' уште ги разгледува сите аспекти на досегашното работење. По завршните согледувања ќе бидат преземени соодветни мерки во однос на сите, па и за прашањето на советничките паушали во претходниот мандат - изјавија од градското Одделение за односи со јавноста.

Изминативе години во некои скопски општини, како што беше случај во Ѓорче Петров, буквално се закажуваа една до две седници месечно само со една точка на дневен ред - колку да се земе надоместок. Во други, пак, иако на дневен ред имаше и по пет или повеќе точки, на крај сите се одлагаа, а седниците завршуваа за 10 минути. Тоа беше чест случај во Аеродром.

Како што изјавуваа портпаролите, во Гази Баба паушал за седница и за членување во комисија беше 14.000 денари, во Бутел за седница и комисија околу 10.000 денари по советник, а во Центар 1.000 денари за дежурство во матично, а од седница на Совет - 30 отсто од просечната плата. Во Карпош тврдеа дека законски се' е во ред, но ревизијата утврди дека во 2005 година општината на градоначалникот Андреј Петров му исплатила 1.700 евра по основа на незаконски паушал, а на советниците околу 35.000 евра.

Рекордери во одржување седници и во крчмење на општинските буџети беа Кисела Вода, Карпош, Центар и Аеродром.

ЗАКОНОТ МОРАШЕ ДА СЕ МЕНУВА

Случајот со исплата на незаконски паушали траеше со години поради недореченост во Законот за локалната самоуправа. Лани Законот претрпе измени. Сега за учество на седници се зема околу 84 отсто од просечна плата исплатена во Македонија за минатата година, без разлика на бројот на одржани седници.

Но пред измените, советниците сами си носеа одлуки за поголеми паушали, а општината мораше да ја исплати оваа алчност. Произволно толкуваа одредби, земаа екстра-пари за членување во комисија, координација, за матичари, патарина... На тој начин, месечните хонорари на советниците, кои редовна плата земаат од други места, достигнуваа и до 25.000 до 30.000 денари. Ако парите не беа исплатени од општинската каса, тогаш советниците можеа дури и да ја тужат општината поради одлука што ја изгласале и е во сила.

Јавноста никогаш немаше да дознае за незаконските паушали исплаќани на советниците во Аеродром ако односите на бившиот градоначалник Кирил Тодоровски со народните избраници не се влошија по две години. Тој престана да им исплаќа паушали и одлуките почна да им ги обжалува на Уставен суд. Тие паѓаа како незаконски, но претходно земените пари, околу 250.000 денари, советниците се' уште ги немаат вратено. Тврдат дека се' е чисто.

Јорданка Ивановска



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=703A3FB606B13C46BE525C66FEEB14E2


Posted By: гитардемон
Date Posted: 01-Jun-2009 at 21:14
Општините имаат потреба од лобисти
Понеделник, 01 Јуни 2009 18:33

MAJA%20lobiranje%20sl%20003

Убавиот збор - железни врати отвора. Оваа мудрост беше мислата водилка на Марјан Танушевски во изработката на книгата „Лобирање во локалната самоуправа" која е прв ваков труд во Македонија. Промоцијата беше во лоби барот на хотелот Епинал како симболика за почетоците на лобирањето во лоби барот на хотелот Вилорд во Вашингтон. Истражувањето го направи на 71 градоначалник од вкупно 85 во Македонија директно со интервју и анкета, со поддршка од ЗЕЛС. Од него произлегоа неколку показатели.

MAJA%20lobiranje%20MARJAN

-Прво дека на општините им е потребно лобирање за поефикасна локална самоуправа, дека претходната структурана градоначалници најмногу лобирале кај странски интвеститори и кај Владата на РМ, дека повеќе од 60% од нив не знаат како да лобираат и затоа треба да се снаоѓаат, тоа упатува на тоа дека им е потребна обука. Градоначалниците сметаат дека со лобирање многу подобро ќе ги реализираат своите планови, рече авторот на трудот, Марјан Танушевски.

Од пелагонискиот плански регион се интервјуирани сите градоначалници, вклучувајќи ја и Општина Битола.

MAJA%20lobiranje%20sl%20002

-Локалната самоуправа, генерално во Општина Битола, има три дела, Градоначалник, општинска администрација и Советот на Општина Битола. Првите два дела благодарение на обукитекои ги имаа преку ЗЕЛС успеале да совладаат дел од овие вештини, додека новиот состав на Советот мислам дека една поголема група на луѓе всушност не знаат да лобираат и ќе треба да учат, објасни Танушевски.

Танушевски во трудот пишува дека децентрализацијата не е единствена гаранција за ефикасна локална самоправа, туку главен фактор е човекот.

-Генерално во општините во земјата има познавање на аналитички вештиони, но процесните вештини им заостануваат. Една од тие вештини е лобирањето, вели Танушевски.

MAJA%20lobiranje%20sl%20001

Танушевски велат дека општините имаат потреба од лобисти.

-Општините почуствувале потреба да ангажираат професионални лобисти заради реализација на проекти од ИПА фондовите, подобрување на капацитетите, но за жал н е тоа доволно во оваа фаза, вели Танушевски.

Заклучокот кој Танушевски го извлекува од книгата е дека во бизнисот и во политиката, не го добиваш она што го заслужуваш, туку тоа што ќе го договориш.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=8473&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=8473&Itemid=106

Епа тие што не дошле значи немаат проблеми со изнаоѓање на финансии.


-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Jun-2009 at 10:47

ПРОФЕСОР ХОРХЕ МАРТИНЕС-ВАСКЕС, ЕКСПЕРТ ЗА ФИСКАЛНА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА

На општините им требаат нови даноци

Финансирањето може да се зголеми преку дополнителни приходи како што се даноци на движен имот - автомобили и чамци, вели професор Вескес

Од вкупно 84 општини и Градот Скопје, само триесет и три ги исполнуваат сите законски пропишани надлежности, а тоа се оние што порано биле седишта на општини. Другите, новонастанати општини имаат големи проблеми. Ова го покажува физибилити-студијата за степенот на фискална децентрализација и нејзиниот понатамошен развој направена од експертскиот тим на УНДП предводен од професор Хорхе Мартинес-Васкес од Државниот универзитет во Џорџија, САД. 

* Кои би можеле да бидат најсоодветните чекори кон финансиско зајакнување на македонските општини?

- Владината политика треба да стави акцент на поцелосно искористување на постојните даноци, кои и' се на располагање на локалната самоуправа. Приходите од данокот на имот може повеќекратно да се зголемат по неодамнешното елиминирање на даночните изземања за нерезиденцијалните имоти. На подолг рок, како што нивото на средства за локалната самоуправа ќе продолжи да се зголемува во релација со БДП, на општините треба да им се обезбедат дополнителни инструменти за остварување приходи. Тоа може да бидат локални дополнителни давачки какви што се даноци на движен имот - автомобили и чамци, бизнис-лиценци за индивидуални претприемачи и мали бизниси и други. 

* Но, повеќето локални власти не се доволно кадровски екипирани за да апсорбираат едно позначајно зголемување на приходите на краток рок?

- Различни единици на локалната самоуправа имаат различен капацитет за администрирање определени даноци. Во овој случај децентрализацијата на административните надлежности треба да биде асиметрична и да се приспособи на постојните капацитети. Ова значи дека и покрај тоа што сите општини ќе добиваат приходи од одреден данок, само некои од нив би го администрирале тој данок, а централната даночна управа би го администрирала остатокот.

Бројот на вработените во локалната самоуправа, објектите и опремата не мора да се зголемуваат пропорционално со нивото на приходи бидејќи за некои работи може да се ангажираат по договор и приватни компании.

* Во просек, околу 50 отсто од приходите на општините се реализираат преку трансфери од централното ниво. Каков е тој сооднос во практиката на другите држави?

- Финансирањето половина од локалните расходи со приходи остварени на локално ниво претставува импресивно постигнување во споредба со други земји, на пример, тие што неодамна влегоа во ЕУ. Иако во Македонија се предлага националните даночни приходи да се делат со општините на местото на наплата, мора да се разбере дека овој предлог би бил само уште една форма на трансфер што ќе се доделува сразмерно со наплатата на соодветниот национален данок. Овој трансфер најверојатно ќе биде повисок во случајот на побогатите места. Може да се размислува дали овој критериум за распределба на приходите е вистинскиот или можеби повеќе ресурси треба да им се доделат на општините со помала приходна база за да се обезбеди компензација.

* Како би можел да се подобри системот за изедначување на општините?

- Итно треба да се надминат разликите во приходната база помеѓу општините кои немаат никакво влијание врз дистрибуцијата на трансферите. За да ги земе предвид различните капацитети за остварување приходи, формулата би можела да вклучува економски индикатори како, на пример, просечниот доход во домаќинство. За надминување на разликите, потребно е да се идентификуваат трошковните фактори кои би покажувале колку овој стандарден износ треба да се приспособува нагоре или надолу за одредена општина поради тоа што таа има повисоки или пониски трошоци во однос на стандардната ситуација. Ова би било втората област каде што итно се потребни реформи, затоа што општините располагаат со малку податоци што би ги покажале тие разлики во трошоците.

Предраг Димитровска
Фото Чедомир Ненковиќ



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=302236979E8C144193CA1534E036AD18


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Jun-2009 at 04:32
Централната ќе и помага на локалната власт


Премиерот Никола Груевски и владините министри чиј делокруг на работа е поврзан со ингеренциите и функционирањето на единиците на локалната самоуправа вчера имаа работен состанок со Управниот одбор на ЗЕЛС. Ова е втора средба што се остварува за многу краток период со цел да се изнајде решение за подобрување и унапредување на власта на локално ниво. Премиерот Груевски најави дека Владата ќе им помогне на општините кои што не можат да влезат во втората фаза од децентрализација поради тоа што имаат блокирани сметки од стари долгови ќе добијат помош од Владата.
- Ќе се обидеме да помогнеме особено на општините кои се уште не се влезени во втората фаза од децентрализацијата, меѓутоа не само на таа група туку ќе им помагаме на сите општини. Колкава помош ќе биде и каква ќе одлучиме на една од наредните седници на Владата, но нема да останеме ниту имуни, ниту глуви на овие состојби кои не се направени по наша вина, но се случени и ние бараме начини како да помогнеме-истакна Груевски по средбата. Тој најави дека Владата ја разгледувала и можноста за зголемување на приходите на општините од централниот буџет Владата и во наредниот период постепено ќе ги зголемува приходите во делот на процентот што општините го добиваат од ДДВ и персонален данок.

На овој состанок, во фокусот на заедничката дискусија, освен финансирањето на општините, беа и состојбите во урбанизмот и просторното планирање, како и руралниот развој.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=AB46E7A9D5E3D841A7B04D1A0180A28F


Posted By: гитардемон
Date Posted: 26-Jun-2009 at 19:26
Исо 9001 сертификат за квалитет
Петок, 26 Јуни 2009 17:11
NaseleNie%20%20001Согласно сопствените тековните за стандардизирање на квалитетот на давање услуги на граѓаните, општина Битола, кон крајот на август ќе аплицира за добивање на сертификат за кавлитет исо 9001,овој нов стандард бил абдејтиран во 2008мата. Ќе бидеме првата општина на Балканот која што ќе биде носител на овој сертификат за кавлитет, доколку успееме да го добиеме.Што се подразбира под поимот сертификат за квалитет?

„ Разбира имање на одредени стандарди при носењето на докумнети кои што се однесуваат на граѓаните на Општина Битола, значи следење на прецизно пропишани прописи и правила во цела комуникација со граѓаните."- вели Емилија Геровска портпарол на Општина Битола.

Тоа подразбирало еднаш завршена работа на еден начин и го има нивото на квалитет,односно услугата е така сертифицирана,таа мора да биде задржана во текот на секојдневното работење на Општината.

„Доказ повеќе за тоа е секое ново верифицирање на стандардот односно еднаш годишно истата консултантска куќа која што ќе ни го одобри и ќе ни го додели ,ќе не проверува дали сме го задржале нивото и дали можеме да продолжиме да бидеме носители на сертификатот за кавлитет исо 9001."- вели Емилија Геровска портпарол на Општина Битола.

Општината со полна пареа работела на спроведувањето на тие стандарди што треба да ги постигнат со цел да станат носители на овој сертификат.

„Значи секое одделение во Општината во соработка со консултантската куќа „Еуро Мак Контрол" која што е ангажирана од UNDPС работи на дефинирање на прописите и на сите процеси кои што се одвиваат во Општината, и изнаоѓање на начин како истите да се архивираат заради секојдневното работење со цел истите во секој момент да бидат проверени дали го имаме квалитетот кој што е баран од старна на сертификатот исо 9001."- вели Емилија SLIKA%20emilijaГеровска портпарол на Општина Битола.

Исо стандард 9001, е стандард за кавлитет ,за сите видови на институции,организации,компании независно секој во својата област има можност да си аплицира и да се стекне со него, потребно е достигнување, односно инплементација на тие стандарди и да побара верификација на истите.

"Општина Битола со апликацијата за овој сертификат всушност само гледа можност за едно формирање верификација на ниво на кавлитет на услугите кои им ги нудима на граѓаните."- вели Емилија Геровска портпарол на Општина Битола.

Параелно со Битолската, алицирање ќе вршеле уште три македонски општини под водство на UNDP кои што го иницираат овој процес, и компанијата која ќе ја верифициирала состојбата во Општина Битола била од Европската Унија поточно Велика Британија била победничка на распишаниот тендер.Ова било значаен податок, зошто земјите од Западен Балкан имале поголемо искуство и традиција во инплементацијата на всаков вид на стандард во јавна институција,зошто се разликувале стандардите за исо 9001 кај производствените компаниите и стандардите за јавните институции.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=9481:-9001-&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=9481:-9001-&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106

Е ај има објаснување, ама ако Битола е прва општина на Балканот со таков сертификат, а една Атина или Софија немаат, што ќе ни е тогаш?


-------------


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Jul-2009 at 02:30
Менаџмент-план ќе го спасува Охрид

Од новиот менаџмент-план ќе произлезе и специјалниот закон за Охрид со кој се очекува конечно да се решат проблемите на Охрид и на околината

Нов план за менаџирање на Охрид ќе биде донесен до крајот на годинава, за единствениот регион од земјава заштитен од УНЕСКО како светско природно и културно наследство. Од новиот менаџмент-план ќе произлезе и специјалниот закон за Охрид со кој се очекува конечно да се решат проблемите на Охрид и околината, објаснува Лидија Топузовска, генерален секретар на националната Комисија на УНЕСКО.

- Постојано сугерираме за проблемите што ги има Охрид. Но, се донесуваат одлуки на ниво на Влада, на локална самоуправа. Охрид е многу комплициран, бидејќи се измешани ингеренциите - вели Топузовска.

Според неа, за градот и за регионот надлежни се министерствата за култура и за животна средина и две управи за заштита, на културното и на природното наследство. Територијата е под ингеренции на три општини. Топузовска вели дека не може да се занемари туризмот, градењето, генералниот и деталниот урбанистички план на градот. Во оваа сфера е надлежно Министерството за транспорт и врски.

- Кај нас отсекогаш постоел антагонизам меѓу градењето и заштитата. Ние секогаш сме за заштита на старите јадра, но можеби Министерството за транспорт има поинакви согледувања - вели Топузовска.Одредени ингеренции врз заштитената зона има и Министерство за наука и образование преку Хидробиолошкиот завод кој го контролира квалитетот на водата. За културното наследство, пак, се грижи Заводот и музеј од Охрид.

- Многуте компетенции и институционални преплетувања го прават Охрид да биде специфичен и тежок за управување. Состојбата дополнително се усложнува бидејќи УНЕСКО го штити Охрид и како природно и како културно наследство . Во светот има вкупно 25 такви локалитети. Поради тоа го подготвуваме менаџмент-планот за Охрид - вели Топузовска.

НОВИ ЗАШТИТЕНИ ЗОНИ

Охрид е запишан на листата на УНЕСКО како светско природно наследство во 1979 година, а наредната година е впишан и како локалитет со светско културно наследство. Македонија има обврска да подготви менаџмент-план за регионот од 1998 година кога официјална мисија на УНЕСКО го посетила Охрид. Дотогаш секоја земја давала различни извештаи за своите локалитети што се под заштита на светската организација.

- Оттогаш има поинакви критериуми, се бараат поинакви работи, според нови стандарди. Секоја земја во својот извештај треба да наведе мапи, утврдени граници на заштитените зони, квадратура, хектари...Накратко, сите треба да си ги „средиме“ своите имоти - објаснува Топузовска.

Охрид како природно-културен регион го разгледуваат две комисии на УНЕСКО, и за природно и за културно наследство. На минатогодишната сесија на Комитетот за светско културно наследство, која се одржа во Квебек, комисиите немале многу забелешки во доменот на културата во досието за Охрид. Но поради други недостатоци документот бил вратен.

- На годинашната сесија што се одржа во Севилја двете комисии го потврдија нашето досие. Беше донесена одлука да се потврдат границите и бафер-зоните на Охрид како заштитена локација. Минимално ги смаливме границите за 10 отсто. Понекогаш е подобро да „стегнеме“ повеќе, но тоа не е дозволено. Комисиите ја усвоија модификација на границите на Охридскиот регион, но ни укажаа да ја интензивираме соработка со Албанија, за да може и тој дел од Охридското Езеро да се запише на листата на УНЕСКО - објаснува Топузовска.

ОДГОВОРНОСТ НА АЛБАНИЈА

На ниво на министерства и на национални комисии на УНЕСКО, Македонија уште лани контактирала со Албанија за им помогнеме во целосната заштита на Охридското Езеро, особено на природното наследство.

- Културата е интегрален дел на Албанија, но водите и бафер-зоните се заеднички. Не може да имаме квалитет на водите и на се' друго, ако другата страна нема обврски според конвенциите на УНЕСКО - вели Топузовска.

Таа додава дека Албанија засега позитивно реагира. Лани во февруари министрите за животна средина на двете земји се сретнале и потпишале билатерален договор за соработка, конкретно за Охридското Езеро.Според Топузовска, од менаџмент-планот ќе потекнат акционата и годишните програми за приоритетите на Охрид и за постојаниот развој на Охридскиот регион.

- Од манџмент-планот ќе произлезе и посебниот закон за Охрид, кој мисијата препорачуваше да се направи. Порано навистина имавме објективни причини што не спречуваа во работата. Немаше закон за култура, ниту за заштита на природата. Денес работите се поинакви, а менаџмент-планот е во процедура во Владата - објаснува Топузовска.

Манџмент-планот во кратки црти ќе ги евидентира состојбите, проблемите и целите и начините како да се решаваат. Ќе бидат опфатени различни аспекти, а ќе го разгледуваат институции на државата и на Владата, локалното население, медиумите, невладиниот сектор. Менаџмент-планот е обврзувачки документ, но со него полесно ќе знаеме како да се справиме со проблемите што го мачат Охрид - вели Топузовска.

УНЕСКО ја штити и пастрмката

И пастрмката е заштитена од УНЕСКО, објаснува Лидија Топузовска.
- Заштитени се сите видови на флора и на фауна, ендемски видови, алги што се наоѓаат во и околу езерото и на Галичица. Сето тоа е под заштита на УНЕСКО - објаснува таа.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=088BC1E93412F24BBF7CEFFD0E0F09FF




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Sep-2009 at 13:34
ПО НОВА ГОДИНА ПОЛЕСНО ДО ГРАДЕЖНА ДОЗВОЛА
Државното земјиште ќе премине во општински раце

Елена Костовска

Од први јануари в година треба да почне постапката за преминување на земјиштето од државна во општинска сопственост, се предвидува во стратегијата за измена на законите што ја подготвува Министерството за транспорт и врски. Ова беше најголемата пречка за добивање градежна дозвола кога инвеститорот нема документи за сопственост на земјиштето и треба да го купи од државата. Со годинашните измени во Законот за градежно земјиште, општините ја добија надлежноста за издавање документи по градежните постапки што, според инвеститорите и градоначалниците на општините, ја скратило постапката за добивање дозвола, но само во случаите кога инвеститорот е сопственик на земјиштето.
Градоначалниците се надеваат дека новата стратегија ќе го реши проблемот со изградба во општините. - Не можеме да изградиме улица ако патот поминува низ приватно земјиште, кое зафаќа повеќе од 300 квадратни метри. Се до 300 квадратни метри приватно земјиште може да го експроприраме со пари, но над 300, сопствениците бараат компензација со земјиште, а општината го нема за да им го даде. Во тој случај, општината најчесто го узурпира земјиштето, а потоа се тужи со сопствениците и ги губи споровите и“вели Зоран Заев, градоначалник на општина Струмица.
Тој додава дека сложената процедура за отуѓување на државното земјиште ги одвратува инвеститорите и го забавува економскиот развој.
- Ако општината е сопственик на земјиштето инвеститорите ќе треба да се обратат во одделението за урбанизам и тука по поедноставена постапка ќе го купат земјиштето и ќе добијат дозвола за градба. Така функционира цела Европа. Сега кај нас за отуѓување на земјиште треба човек да се окози, да вади дозволи од безброј институции, што може да трае со години. На крај инвеститорот или се откажува или оди да инвестира во Бугарија и“вели Заев.
Според градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски, дополнителни проблеми при вадењето на дозволите за градба се судските спорови и имотнои - правните односи, како и можноста секој да се жали на одлуката, што уште повеќе ја усложнува процедурата.
- Пред една и пол година е донесен детален урбанистички план за изградба на населба во Злокуќани. Јавно прашувам зашто до денеска не е удрен ни еден копач, а има голем број заинтересирани и“вели Јакимовски.
За фирмите најголем проблем претставува честото менување на законите за добивање градежна дозвола, кои им создаваат проблеми.
- Со измените во Законот за приватизација и за закуп на градежно земјиште во државна сопственост, колективните станбени објекти не беа предмет на приватизација. Поради тоа, не можевме да градиме и два месеца бевме во мирување и“велат во градежната фирма „НЃ - инженеринг“.

Остануваат 20 проценти за централната каса

Откако ќе премине во општинска сопственост, како и досега, 80 проценти од парите од продажбата на државното земјиште ќе одат во локалниот буџет, додека 20 проценти ќе се слеваат во централната каса.
- Целта е побрзо да се расчисти со администрацијата околу земјиштето заради привлекување повеќе инвестиции. Постапката ќе се сведе на една процедура, јавна лицитација на земјиштето, па инвеститорот веднаш ќе знае дали е слободно за купување – вели градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1819&ArticleID=122241


Posted By: Dragan
Date Posted: 22-Sep-2009 at 23:18
Дали бројот на сите општини во Македонија е преголем? Ги има 95 или 96 колку ??.
Ако во сите нив има во просек по 40 вработени значи имаме 4000 административни работници и на нив плус 1300-1500 советници кој се бираат на избори. Прашањето е дали треба да се намали овој број на општини и каде. Руралните општини едвај и да функциоираат, можеби некој од нив треба да се припојат кон поголемите градови. Пример Општина Брвеница треба да се припои кон општина Тетово, на тој начин ваквите општини можат подобро да функционираат. Словениа едно време имаше преку 130 општини па ги намали незнам на колку. Сега за сега во Хрватска има најголем број на општини преку 400, 2-3 села општина. Што се однесува до Градежното земјиште па и сега некој општини бес овој нов закон со одлуки на советот некои земјишта ги прогласуваа за градежни и ги доделуваат на одредени фирми и поединци а овие требаа само одредени документи за дозволи за дејнос на работа да извадат од менистерството за транспорт и врски и потоа да почнуваат со градба. Е сега дали парете за документацијата ги уплачаат во министерствата или во општината на државна смета незнам. Можеби со овај закон подетелно ќе ја уреди оваа област а колку што знам на законот му се потребни и под законски акти кој подетално ги уредуваат прописите кој ги дава законот. За ваша информација ученик сум во Теовската гимназија Big%20smile.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Sep-2009 at 00:50
Македонија има 84 општини од 2005 година навака. Вклучувајќи и една "виртуелна" општина градот Скопје како институција, тоа се 85 единици на локална самоуправа. Со старата поделба пред 2005 имаше 123 општини.

Инаку го делам мислењето дека сегашната територијална поделба е далеку понелогична, конфузна, резултат на политичка криза и дефинитивно и треба промена. Колку би имале воља да го решиме тоа зависи од политичката култура и желбата работите да ги гледаме од функционален аспект него ли чисто од политички.

А да не збориме пак за ингеренциите и средствата со кои располагаат општините. А па понекогаш во некои крајни случаеви општините можат да излезат поголем душман на државата и граќаните одколку нивен сервис. А во голем дел влијае и тоа што кај нас општините се сваѓаат малтене како некој вид на полиси и ние какоопштество воопшто не сме созреани до тој степен да вистински знаеме да ја кознумираме локалната самоуправа. Секако централниот начин на управување воопшто не го бива но морам коченчно да преминеме во себедуцирање што значи општина и проактивната улога во нејзе. РТогаш ниту ќе ни биде проблем организацијата зашто ако се има воња да се решаваат некои проблеми можат многу лесно да се решат.


Posted By: Dragan
Date Posted: 23-Sep-2009 at 10:57
Значи локалните општини се финансираат се уште од буџетот на Р.Македонија, значи дека тие во најголем број ги немаат конституирано органите кој влагаат во состав на општината, руралните општини најчесто имаат по една или две подрачни единици како што се единица за урбанизам и едвај единица за школство, по некое јавно кумунално претприатије и другото е мешавина на некакви административни работници(референти, правници, секретарки,дактилографки,шовери без колиBig%20smile) кога ваквите општини ќе бидат спремни да да ги примат надлежностите кој што треба од сите министерства да прејдат на локално ниво тоа навистина е незнам (ако имаме 13-14 министерства тогаш во секоја општина треба да има исто толку 13-14 подрачни единици на тие министерства сместени во локалните општини), на тој начин општините ќе можат да крееираат развојна политика односно сопстевени приходи и свои трошоци и со тоа да остваруваат планови за развој на општината.Сега ако некој градоначалник сака да гради некаов мост треба да донесе план и одлука на советот а по парите да трча по министерствата или некакви невладини организации, а ако и се успее во тоа најчесто таквиот мост ќе биде 7-8 пати поскап од колку приватна фирам да прави свој мост за нејзини потреби, затоа што парите од ваквите проекти се разнесуваат на многу заинтересирани страни(да небиде како вицот пола-пола).


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Sep-2009 at 19:43
СОПСТВЕНОСТА Се УШТЕ НЕ Е РАСЧИСТЕНА
Државното земјиште ќе ги скара општините

Решавањето на имотнои - правните односи и разграничувањето на земјиштето меѓу општините ќе бидат жешки костени во рацете на општинарите откако државното земјиште ќе премине во нивна сопственост. Упатените се согласуваат дека преминувањето на државното земјиште во општинско е добро за олеснување на процедурата околу вадење градежни дозволи, како и за привлекување на инвеститорите. Сепак, тие се плашат дека во некои случаи, каде што се уште нема доволно прецизирани општински граници, ќе се јават големи компликации. Според нив, особено може да биде сложено при разграничување на земјиштето што е во сопственост на скопските општини и тоа што е на Град Скопје. Во стратегијата што се подготвува во соработка на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и на Министерството за транспорт и врски нема да биде јасно определено кој дел од градежното неизградено земјиште ќе му припадне на Градот Скопје, за што дополнително ќе се разговара. Во ЗЕЛС смируваат дека општините имаат капацитет да се соочат со проблемите што може да настанат со менаџирањето на земјиштето.
- Во Министерството за транспорт и врски имаат четирии - пет луѓе, кои се соочуваат со имотнои - правните односи, во општините тие се, сигурно, повеќе и“вели Душица Перишиќ, претседателка на ЗЕЛС. Во општините велат дека од голема помош им е завршувањето на процесот на денационализација, кој бил клучен за да може да се оствари преминот на земјиштето во општинска сопственост - Излегувањето на крај со земјиштето ќе биде дополнителен предизвик за општините. Сега нема веќе нови барања за денационализација, а точно се знаат локациите и на тие што не се решени и“вели Зоран Заев, градоначалникот на општина Струмица.
Тој додава дека не очекуваат да има проблеми со границите на општините, кои, според него, се прецизно определени, а горе и“долу секоја општина има изработено урбанистички план, со исклучок на неколку населени места, кои имаат само урбанистичка документација.
- Евентуално може да се јави минимален проблем со границите, но тоа би било во еден процент од вкупните граници на општините и“вели Заев.
Дел од градоначалниците се плашат дека додека земјиштето да помине во нивна сопственост, државата преку јавните аукции ќе ги продаде сите големи и атрактивни локации.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1820&ArticleID=122307


Posted By: Max
Date Posted: 25-Sep-2009 at 09:21
Објавен прв повик за прекугранични проекти од ИПА фондовите

Програмата за погранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија, која се реализира со парична помош од Инструментот за претпристапна помош (ИПА), деновиве им е на располагање на општините што го опфаќаат овој пограничен регион. Министерството за регионален развој и урбанизам на Бугарија, во соработка со нашето Министерство за локална самоуправа, го објави првиот повик за доставување на проектни предлози кои треба да се однесуваат на две приоритетни области - економски развој и социјално зближување и подобрување на квалитетот на живеење. Главна цел е подобрување на способноста на локалните и регионални власти да развијат и реализираат заеднички проекти во рамките на пограничниот регион.

Вкупниот буџет од оваа програма за периодот 2007-2009 година изнесува 7,8 милиони евра од кои за првиот повик се предвидени 4,2 милиони евра. Право на аплицирање имаат локалните самоуправи, сите јавни установи и невладини организации, кои мора да имаат партнер од соседниот пограничен регион, а вредноста на поединечните проекти, кои ќе се финансираат треба да биде од 10 илјади до 300 илјади евра.

За овие пари може да аплицираат 27 општини од североисточниот, југоисточниот и источниот регион во Македонија и 23 општини од Ќустендилската и Благоевградска област во Бугарија. Крајниот рок за поднесување на проектните предлози е 14 декември.

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=7137F8E2E3FF014CBE055A79E0A5B0C7&arc=1 - http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=7137F8E2E3FF014CBE055A79E0A5B0C7&arc=1


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Oct-2009 at 22:49

Скопјани плаќаат трипати

Четири години по децентрализацијата, Градот никако да најде формула како да си ги собере парите за данок на имот. Една година решенијата се делеа по пошта, потоа со курири, а годинава дури и скандалозно - на масички на тротоари среде лето на високи температури.

Според нивото што почнаа да го воведуваат, в година можеби ќе постават и касички пред Градски парк, за таму директно да им ги пуштаме парите. Тоа може да биде и најефикасното решение, бидејќи досега беа истрошени дебели пари на разни фирми-поштари, кои не си ја завршија работата, а профитираа.

Скопјани може и да им простат за неефикасноста, оти на неа се навикнати, но се револтирани од заканата дека за задоцнето плаќање ќе пресметуваат и камата. Заканата е дрска, оти граѓаните не се виновни што службите се неинвентивни и не умеат да смислат начин за ефикасна достава. Излегува дека скопјани, наместо два пати, ќе платат три пати - еднаш за фирмата што доставува со пари од градскиот буџет и два пати од свој џеб, за барање на решението и за данокот.

Јорданка Ивановска


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=63D48B2EE9D87B4EA81E98F0328432F5


Posted By: Max
Date Posted: 15-Oct-2009 at 04:04

се мислев каде да оди ова, и не дека нема каде, туку каде е најприкладно. морам да кажам дека кога ги работеле грбовите по општините изгледа терале како во бурекџилница завиткај-испечи-фрли-исечи, што не е толку проблем доколку ваквите знамиња и не се вееја по јарболи, а да е уште по интересно неретко истите или се избледени или пак воопшто и ги нема

уживајте во прелистувањето  интересно е кога се на куп

http://www.crwflags.com/fotw/flags/mk-munic.html - http://www.crwflags.com/fotw/flags/mk-munic.html

ова некои знамиња од веќе заминатите општини се навстина футуристички симболизам па дури и претеризам


Тополчани

Витолиште

Чегране

Шипковица

Оризари

Мешеишта

итн.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Dec-2009 at 21:16

Владата се откажува од дел од приходите за сметка на општините


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=117888#komentari - Коментари (0)    
23.12.2009 13:08

Владата се откажува од дел од приходите за сметка на општините. Со предложените измени на законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, отсега наместо 3 проценти, на сметка на општините ќе се слеваат 4,5 проценти од собраното ДДВ.

„Со новите законски измени ќе се зголеми функционалноста на локалната самоуправа.

На овој начин се надминуваат реалните проблеми на општините, особено во делот на финансирањето“, изјави Крсте Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=117888


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Dec-2009 at 18:50
Во недостаток на поадекватна нишка, оваа објава засега нека стои тука...

Куманово во 2010-та ќе потроши 22 милиона евра

Советот на Општина Куманово, најголемата локална самоуправа во државава, за 2010 година усвои буџет од околу 22 милиона евра, што е за 10 насто повисок отколку оваа година. Предложениот буџет едногласно го прифатиле советниците и од власта и од опозицијата.

Според Ирена Илиевска од Секторот за финансии, најголем дел од парите ќе бидат обезбедени од даночните и капиталните приходи, дотации од министерствата, трансфери и донации. Најмногу од средствата ќе бидат наменети за капитални инвестиции, и тоа 63 насто, а 27 насто за тековните потреби.

Во 2010-та година од капиталните инвестиции се предвидени јавно осветление, реконструкција на улици и патишта, финализирање на гасоводната мрежа, изградба на подземна катна гаража, водоводна мрежа, фекална канализација и речното корито. Дел од парите ќе се искористи за доградба на градската библиотека, реконструкција на караулата за Детско одморалиште во козјачкото село Длабочица, изградба на дел од училиштето „Толи Зордумис“ за настава на албански јазик на учениците во вишите одделенија и спортска сала во Средното училиште „Перо Наков“. (С.А.Ј.)
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=58985F3A9FECED4FBC1CC3AABE3D5206


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Jan-2010 at 21:42

Општина Аеродром воведе ИСО-стандарди

Општина Аеродром е првата скопска општина што го воведе ИСО- стандардот, сертификат што ќе ги обврзи надлежните на строго почитување на законите и на актите на локалната самоуправа, поголема одговорност и отчет пред граѓаните. Од примената на ИСО- стандардот се очекува зголемување на квалитетот на работењето на општинската администрација, а со тоа автоматски и поголем квалитет на услугите што Општината им ги дава на граѓаните. Сертификатот на Општината и' го издаде британската институција за сертификации БСИ од Лондон. Градоначалникот Ивица Коневски го прими документот од претседателот на Стопанската комора , Бранко Азески. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=822AB035B25B1B45B39403410B7CCC9A


Posted By: гитардемон
Date Posted: 28-Jan-2010 at 21:57
Битола зеде пред 4-5 месеци, а што е тоа што се стандардизирало никој не знае. И не сфаќам што е тоа што се стандардизира по ИСО во локална самоуправа

-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Jan-2010 at 22:01
Во државава мислам прва беше Струмица. Ај струмичани потврдете ако знаете и поткрепете со некое инфо ако имате.

Originally posted by гитардемон

И не сфаќам што е тоа што се стандардизира по ИСО во локална самоуправа
Па ваљда начинот на работење, разноразни процедури, опременост, стандарди за транспарентност... претпоставувам отприлика во овие рамки се движи тоа.




Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Jan-2010 at 02:28
Па колку што знамедна фирма кај нас што воведуваше исо стандард имаше доста ствари и стиници, на пример се унифицираат образците за документите, фонт, маргини и слично. Огранизасицката поставеност и комуникацијата и одговорноста еден према друг. Не треба да се деси преклопување на ингеренции или да не се знае нешто чива одговорност е. Во однос на барања од граѓани има посебно уредување како се одговара, рокови и слично. Со еден збор да не треба администрацијата да се мачи во изнаоѓење орагнизациска поставеност и унификација туку некој веќе смислил топла вода и го препорачува спаковано како исо стандард.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Feb-2010 at 07:42

Многу тесни грла во локалната самоуправа

Ќе се анализираат решенијата за локална самоуправа, за Скопје и за финансирање на општините

Катица Чангова

Има многу тесни грла во локалната самоуправа од која се очекува да стане вистински сервис и да обезбеди поквалитетни, побрзи и поефикасни услуги на граѓаните. Како се практикуваат решенијата од законите за локална самоуправа, градот Скопје и финансирањето на општините во реалноста? Овие одговори ќе ги даде анализата што оваа година треба да ја подготви Министерството за локална самоуправа.

Ова, меѓу другото, беше потенцирано на вчерашната трибина посветена на релациите централна - локална власт што ја организираше Институтот „Павел Шатев“, а на која беше нагласено дека комуникацијата не е на посакуваното ниво.

Градоначалниците и експертите оценија дека избрзаниот почеток на децентрализацијата и несериозниот пристап на државата кон овој процес се' уште имаат негативни реперкусии во работата на локалната самоуправа. Голем број општини и пет години од овој процес се' уште не можат да ги реализираат законски доделените функции поради недостиг од финансиски средства.

„Европа ја имаше заплиснато децентрализацијата, а ние се двоумевме дали да почнеме. И кога стартувавме, на 1 јули 2005 година, тоа беше со лоша хипотека поради големиот процес на централизација. Општините влегоа во децентрализација со 2,5 милијарди долгови, а 300 милиони денари беа само по основ на неплатени комуналии во училиштата“, истакна Снежана Милошевска-Костадиновска. Таа потенцира дека се определивме за фазен модел на децентрализација и ја истакна важноста од пренесувањето на функции и финансии во општините.

„Општините се' уште не се стабилизирани, а многу од нив се со блокирани сметки. Средствата од централната власт не се доволни за надлежностите. Данокот на додадена вредност треба да се зголеми од три на шест отсто, а персоналниот данок на 30 проценти. Само така општините ќе можат да се занимаваат со подигнување на степенот на развој“, истакна претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Коце Трајановски. Според него, добра локална самоуправа значи способни и подготвени општини. И покрај проблемите, општините, сепак, покажаа способност, виталност и вештина во менаџирањето, додаде Трајановски, кој смета дека мора да се зголемат административните капацитети на локално ниво.

Упростување на процедурите во урбанизмот, образованието, трудот и социјалната политика, но и поширок простор за одлучување на градоначалникот без да се чека согласност од министер, побара градоначалникот на скопската Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

„Во функционалниот дел имаме откроирана локална самоуправа која има изворни надлежности, а зависи од одобрувања или неодобрување на министерства. Несвојствено и невообичаено е тоа што централната власт енормно истура пари за локални проекти. Тоа јасно кажува дека имаме дефект во финансирањето. Поради овој страшен дисбаланс, во корист на централната власт мора да има рекомпорирање во финансирањето, но во корист на локалната власт“, коментира Јакимовски. Тој во шеговит стил додаде дека „главен баџо во владината гарнитура е министерот за финансии, а дека министерот за локална самоуправа е целосно настрана“.

Штипскиот градоначалник Зоран Алексов возврати дека главен баџо бил Буџетот, а не министерот за финансии, а дека Владата имала слух за локалните проблеми и почнала да се однесува како партнер на општините. „Главен проблем се финансиите. Штип нема пари за локални патишта што ќе ги поврзат селските средини“, се пожали Алексов. Но, за него со подомаќинско работење особено во прибирањето даноци на имот може да се премостат проблемите.

Професорот по политички систем Јован Ананиев оцени дека треба да се внимава на тоа колку општините можат да ги реализираат изворните надлежности. Според него, рамномерниот регионален развој како системска политика е задоцнет, но дека е добро што воопшто почнал. „Се покажа опасност од скопјанизација. Политиката на полицентричен развој треба да ја прекине внатрешната енормна миграција“, додаде Ананиев.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=E24F01D13EFBB34B86B3DD7B7505E7CA



Posted By: axel
Date Posted: 24-Dec-2010 at 15:01
kumanovo dojde na pola od skopje uste malku i ke go pomine LOL

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/opstinskata-kasa-tezi-30-milioni-evra.html - Општинската каса тежи 30 милиони евра

Општината Куманово во наредната година треба да потроши 30 милиони евра. Најголем дел од сретствата во буџетот на Општината, дури 61 проценти се предвидени за изградба на капитални преокти, а останатиот дел ќе се користат за тековно-оперативни работи.

 
http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/opstinskata-kasa-tezi-30-milioni-evra.html"> Општинската%20каса%20тежи%2030%20милиони%20евра

Буџетот е развоен со програми за капитални инвестиции.Основниот буџет кој општината има ингиренции да го собира како приходи е 10 милиони евра, а останатото е од дотации кои ги добиваме од министерствата и ги трансферираме во јавните установи. Со овој буџет се планираат неколку крупни проекти: подземна гаража во центарот на градот, општинска зграда и реконструкција на Занатскиот дом,потоа изградба и реконструкција на улиците, основни и средени училишта,спортски сали, приклучување на парно греење, водоводна и канализациона мрежа- вели Ирена Илиевска раководител во Секторот за финасии.

Буџетот во однос на мината година е зголемен за 6 проценти. Советниците од опозицијата остро се спротивставија на предлог буџетот и не го подржаа, а во жустра дисксија се обидуваа да ги убедат останатите советници дека буџетот е катастрофален и нема да може  да ги задоволи предвидените очекувања.

Имаме преамбициозен, прекомплексен и голем буџет во кој подоцна со кварталните извештаи ќе видиме дека неможат да се реализираат предвидените проекти. Затоа ние не сакавме да го подржиме овој буџет од кој граѓаните нема да имаат никаков бенифит. Истото се случуваше и мината година кога само 70 проценти од буџетот беше реализиран- смета Бобан Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Советничката група на СДСМ тврди дека буџетот ги задоволува потребите на општината и во целост ќе се реализира, затоа што содржи развојна компонента и проекти кои се во интерес на граѓаните.

Буџетите на локалните самоуправи за разлика од државната каса се разликуват и во својата приходна и расходна страна.Изворните приходи во општините не се константни, ние зависиме од уплата на такси, комунални давачки, промет итн. Заради тоа не можеме да го предвидиме буџетот 100 проценти и го планираме. Забелешките на опозицијата не се на место и сметам дека по исцрпните објаснувања сфатија дека буџетот е добар - вели градоначалникот Зоран Дамјановски.

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/opstinskata-kasa-tezi-30-milioni-evra.html



Posted By: гитардемон
Date Posted: 24-Dec-2010 at 17:46
Originally posted by градоначалникот на Куманово

Буџетите на локалните
самоуправи за разлика од државната каса се разликуват и во својата
приходна и расходна страна.Изворните приходи во општините не се
константни, ние зависиме од уплата на такси, комунални давачки, промет
итн.



Пошто државниот буџет зависи од бројот на планински рисови во Македонија и бројот на уплатени лото тикети, а не од приходите од даноци и такси.

Originally posted by градоначалникот на Куманово


Заради тоа не можеме да го предвидиме буџетот 100 проценти и го
планираме.



Дека на државните влади во светот Баба Ванѓа им кажува колку точно ќе бидат приходите за таа година, таму не прават проценки туку се 100% сигурни за приходите. Затоа не прават редовен ребаланс на сред година, а некогаш и почесто.

____

Па кој те ставил тебе градоначалник? Барем ќути, не треси глупости!

-------------


Posted By: krale
Date Posted: 24-Dec-2010 at 18:07
Originally posted by axel

kumanovo dojde na pola od skopje uste malku i ke go pomine LOL


Да ама тука не ги броиш плус и буџетите за општините во Скопје кои се плус на буџетот на градот. Само Центар мислам дека има над 20 милиони евра буџет.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 31-Dec-2010 at 17:28
Gostivarskiot bugjet iznesuva 15 milioni evra a e 5,5% povekje od poslednata godina!
A debarskiot bugjet iznesuva okolu 4 milioni evra!
Vestite se od eden albanski vesnik!


Posted By: гитардемон
Date Posted: 20-Jan-2011 at 19:04
Дали на Битола и е потребна општинска обврзница?
ЧЕТВРТОК, 20 ЈАНУАРИ 2011 17:13


Во текот на оваа година се очекува да се издадат првите општински обврзници во нашата земја, како алртернативен извор на средства за финансирање на капитални проекти во општините. Досега пет општини, Гевгелија, Куманово, Штип, Илинден и Гостивар, имаат потпишано меморандум со УСАИД за вреднувањето на нивниот кредитен рејтинг. Издавањето на општинските обврзници се очекува да ослободи дел од неискористениот капитал што лежи во разни фондови, а може да придонесе за заживување на локалната економија, за обезбедување на капитал за крупни инфраструктурни проекти. Оваа тема често, во форма на советнички прашања, е присутна и во советот на општина Битола.



-Зошто Битола нема кредитен рејтинг да издава општинска обврзница и дали се согласувате со изјавата на високи владини функционери за користа од општинската обврзница, што е спротивно на вашите досегашни изјави - праша Валентин Груевски, советник од ЛДП.



Според градоначалникот, општина Битола е кредитно способна, но за програмите и проектите општината користела други извори на финансирање, па немало потреба од емисија на општинска оврзница.



-Кредитниот рејтинг кој го имаме не сакаме да го користиме, цениме дека можеме да најдиме други извори за финансирање - рече Владимир Талески, градоначалник.



На неодамна организирана конференција од страна на ЗЕЛС и УСАИД претставници од градовите Ријека и Копривница од Хрватска ги презентираа своите позитивни искуства при користење на општинските обврзници, а пренесени беа и искуства од бугарски и унгарски општини.


http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=30811&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=30811&Itemid=106

Мене ми текнува еден полесен начин за обезбедување средства. Се вика целосна децентрализација, и ја чекаме 15 години и веројатно ќе ја чекаме уште 15!

-------------


Posted By: Makedonij
Date Posted: 22-Jan-2011 at 20:11
Изгласан буџетот за 2011 година http://www.strumica.gov.mk/index.php?view=article&catid=34%3A2010-09-02-08-37-56&id=820%3A-2011-&format=pdf&option=com_content&Itemid=53&lang=mk -
http://www.strumica.gov.mk/index.php?view=article&catid=34%3A2010-09-02-08-37-56&id=820%3A-2011-&tmpl=component&print=1&layout=default&page=&option=com_content&Itemid=53&lang=mk -

На 29.12.2010 беше одржана последната седница на Советот на Oпштина Струмица за оваа година на која беше усвоен буџетот за 2011 година и истиот тежи 1 милијарда и 77 милиони денари или 17,5 милиони евра.

Буџетот за 2011-та е за 10% зголемен во однос на оној од 2010-та година, од кои најголемиот дел се сопствени извори 53% од вкупните средства за 2011-та, а 41% се блок дотации, додека 5,5% се средства од самофинансирачки активности и само 0,5% се донации. 68% од основниот буџет на општината кој се полни со изворните приходи уплатени од граѓаните на Општина Струмица, ќе им се враќаат назад на граѓаните преку капиталните-развојни програми. Гасификација на Струмица, 16 нови фабрики, 14 откупно-дистрибутивни центри, канализациони и водоводни мрежи, реконструкција на корзото.Тоа се едни од поголемите капитални инвестиции на Општина Струмица во 2011-та.

Советниците во оваа 2010-та година одржаа 17 седници на кои се произнесоа по 218 точки, при што донесоа 59 одлуки, 34 програми, 15 решенија, 13 други акти и 97 заклучоци за усвојување на програми за работа и извештаи за работа на училиштата, секторите и одделенијата на општинската администрација, јавните претпријатија и други органи, организации и установи што се во надлежност на локалната самоуправа.

http://www.strumica.gov.mk

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: гитардемон
Date Posted: 01-Mar-2011 at 23:33
Општините подготвени за првата општинска обврзница
ВТОРНИК, 01 МАРТ 2011 18:14


Над 60 општини во земјава се подготвени да ја издадат првата општинска обврзница, новиот инструмент кој ќе им овозможи да обезбедат дополнителни финансиски средства за реализација на своите капитални проекти. Меѓу првите општини кои може да ја издадат првата обврзници во април годинава се градот Скопје, Илинден, Битола, Кичево и Куманово.

Ова го соопштија вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот на град Скопје и претседател на ЗЕЛС, по денешната средба на која вицепремиерот Ставрески го претстави пред УО на ЗЕЛС Водичот за издавање општински обврзници.

- На чекор сме на издавање на првите општински обврзници во Република Македонија. Министерството за финансии согласно договореното со Управниот одбор на ЗЕЛС подготови Водич за издавање општински обврзници во кој е опишана целата процедура и од аспект на инструментот и од аспект на законската рамка и постапката што треба да ја следат општините за да може на наједноставен начин да ги подготват проспектите за издавање на првите обврзници, изјави министерот Ставрески.

Тој истакна дека анализирани се и искуствата од соседните земји и врз основа на тие искуства и нашата законска рамка е подготвен водич кој ќе им помогне на општините да можат да го совладаат овој проект, бидејќи е нов, пионерски. - Ние сме тука како Министерство за финансии низ овој процес да соработуваме на партнерски однос со општините и да дојдеме до таа фаза кога ќе бидат издадени првите обврзници, рече министерот Ставрески.

Тој изрази уверување дека врз основа на интересот што го покажале општините може набрзо веќе на почетокот на вториот квартал, можеби во април да бидат издадени првите обврзници во Македонија од страна на општините. - Верувам дека истите ќе бидат прифатени и од банките и пензиските фодови, како главни институционални инвеститори бидејќи се корисни и за инвеститорите во смисла на диверсификација на портфолиото и обезбедување соодветен принос, но пред се се корисни за општините, бидејќи на овој начин општините освен позајмиците што им беа на располагање, односно кредитите од банките или од буџетот, ќе може да обезбедат дополнителни долгорочни средства за финансирање пред се на нивните развојни проекти, истакна министерот.



Обврзниците ќе бидат долгорочни инструменти издадени на рок од неколку години и како такви ќе може да бидат вклопени во вкупните буџетски потреби на општините и да обезбедат финанисрање на значајни проекти од областа на комуналната инфраструктура, реконструкција на училишта и се друго што општините сметаат дека е во рамки на нивните приоритети.

Министерот смета дека над 60 општини можат да издадат обврзници во моментов. При што, како што рече, се разбира дека оние општини кои имаат подобри финансии имаат подобри шанси да ги издадат обврзниците и да платат пониски камати. Министерството има подготвено листа за тоа која општина колкав износ на обврзници може да издаде и оти сега зависи се од општините, кои, како што додаде министерот, треба да го исконбинираат овој начин на обезбедување финансиски средства со останатите заеми.

Максималниот лимит за издавање обврзници утврден во законската регулатива е вкупното долгорочно задолжување да не може да надмине 100 проценти од тековно оперативниот буџет на општината, а годишното сервисирање на долгот не може да надмине 30 проценти. - Тоа се лимити кои во Македонија се полиберални отколку во другите земји од соседството, а со цел општините да имаат поголем простор за да ги обезбедат овие средства. При тоа, се разбира, задржувајќи ги оние стандарди за она што е разумно ниво на задолжување, за да не дојдат општините во потешкотии од друга природа, рече министерот за финансии.

Според градоначалникот Трајановски можеби прва општина која ќе издаде обврзница ќе биде Градот Скопје, а меѓу првите ги напомена и Илинден, Битола, Кичево и Куманово.

- Има поголем број општини кои се заинтересирани за издавање обврзници и практично со ова општините ќе покажат дека сепак се витални и ќе ги користат сите можности за да ги реализираат своите проекти, рече Трајановски и изрази уверување дека ова за општините ќе биде многу значајно за подобрување на нивната финансиска стабилност.

Трајановски смета дека и финансиските институции ќе бидат заинтересирани за општинските обврзници бидејќи, како што вели, и општините се добар финансиски партнер.

Важно е, рече тој, издавањето на обврзницата да биде за одредени проекти зашто така ќе биде полесно и да се купи од страна на инвеститорите.

Општинските обврзници се уште една можност на општините, покрај позајмиците и кредитите да обезбедат финансиски средства потребни за реализација на нивните капитални проекти. Парите, според Трајановски, никогаш не се доволно и затоа ја поздравуваме и со нетрпение ја очекувавме оваа активност за да можат општините да ги издаваат обврзниците.



Тој ја нагласи добрата соработка со Министерството за финансии и поддршката што оваа инститиуција им ја даде за реализација на овој проект.


http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=32448&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=32448&Itemid=106

Сè супер, но во фаза на децентрализацијата во која општинските буџети де факто зависат од волјата и расположението (и провиненцијата на локалната власт во општината во прашање) на централната власт, се прашувам колку способноста за отплаќање на сумите по доспевањето на обврзниците има врска со локалната власт? Реално исто како да се позајмува државата, ама на име на општините.

-------------


Posted By: гитардемон
Date Posted: 03-Mar-2011 at 19:46
Добро бе, не се најде еден јунак да коментира на темава? Па ова е можеби најважната вест годинава. Со ова општините ќе можат (да се потрудат) да реализираат огромни инфраструктурни проекти!

Алооо, муабет да слушнам, за какви банални работи разговараме, ова е многу многу важно.

-------------


Posted By: Djole88
Date Posted: 05-Mar-2011 at 17:42
Епа тоа само докажува колку од форумџииве сме лаици за дискутирање за нешто сериозно. Јас си кажувам, врска немам од архитектура, затоа само следам и коментирам за нешто што не треба стручност


Posted By: N23
Date Posted: 05-Mar-2011 at 18:57
Пред се, иако е голема работа, ајде да ја погледнеме способноста на нашите општини да си играат со обврзниците. Прво, иаме релативно сиромашни со пари општини. Второ и тие пари малку што ги имаат не знаат правилно да ги уложат. Училишта? Па како ќе ги вратат после парите назад. Се знае ли уопште за што ќе се користат. Доспевање од неколку години???? Ај да појасниме, банките секогаш ги купуваат обвзниците кои се со краток рок на доспевање, во превод брзи пари. Затоа и цело време се редовни муштерии на НРБМ. Не верувам дека ќе се најде банка, која ќе учествуе на пазарот со општински обврзници, без притоа да види сериозен проект кој со сигурност ќе донесе пари назад за општината. Спортски сали, стадиони, луна паркови, инфраструктура која ќе донесе инвестиции, за такви нешта треба да се користат парите. За жал, сметам дека е ова алатка за да се покријат тековните потреби на општините, а после тоа генерациите ќе ги остават со наталожени долгови. Играњето со обврзници е релативно исплатлив бизнис за секоја банка, само потребно е во игра да има свежи пари. НБРМ нормално тие пари ги има. Но дали општините се креативни да ги добијат тие пари?


Posted By: гитардемон
Date Posted: 13-Mar-2011 at 16:22
МАКЕДОНИЈА | 13.03.2011
„Централната власт во Македонија е премногу скржава“



ЗЕЛС очекува зголемување на средствата

Управниот одбор на Заедницата на општини на Македонија очекува од парите за ДДВ локалните власти годинава да добиваат 4,5%, а во 2012 година - 6%. Треба да се зголемат и издвојувањата од персоналниот данок - 15%.

Марјан Ристески, градоначалникот на Прилеп и претседател на Комисијата за финансирање во составот на ЗЕЛС, вели:

„Оваа година очекуваме ново зголемување на процентот. Меѓутоа, сметаме дека тоа не е доволно за да можат општините да станат посамостојни и да бидат во состојба да решаваат колку е можно повеќе проблеми на своето подрачје.“

Енвер Пајазити, градоначалникот на селската општина Брвеница во тетовскиот регион, напоменува:

„Ние се претвораме во административна, а не во функционална општина, не сме во состојба да го задоволуваме ниту минимумот на потребите на месното население.“

Ивана Билбиловска, портпаролката на Министерството за финансии, информира што е прифатено до овој момент од барањата на македонските општини:
Од Министерството за финансии не соопштуваат засега ништо за преговорите околу зафаќањата од „персоналецот“ за општините

„Од 3,4 проценти, колку што беше издвојувањето од данокот на додадена вредност во 2010 година, во 2011-та тоа ќе се зголеми на 3,7 отсто, во 2012-та на 4, а во 2013 година на 4,5 проценти. Во насока на барањата на Заедницата на единиците на локални самоуправи се и законските измени што се во законска процедура за овозможување сите општини да се задолжуваат со рок до 10 години.“


Од Министерството за финансии не соопштуваат засега ништо за преговорите околу зафаќањата од „персоналецот“ за општините

Значи, Министерството за финансии позитивно одговори на предлогот на асоцијацијата на локалните самоуправи до Владата таа да продолжи со обезбедувањето долгорочни заеми за општините, но, со рокови за враќање зголемени од 5 на 10 години за општините, кои се „заглавени“ се‘ уште во првата фаза од децентрализацијата. Од министерството не соопштуваат засега ништо за преговорите околу зафаќањата од „персоналецот“ за општините, дали има каков било позитивен исход од тоа за локалните самоуправи во земјата.

„Владата е премногу скржава и неуспешна во решавањето на приоритетите на општините со јавните пари“


Абдулменаф Беџети, експерт за јавни финансии од Штуловиот универзитет во Тетово, е категоричен во својата сомнеж дека Владата ќе даде повеќе пари за општините од двата споменати данока:


Општините бараат, централната власт тешко дава

„Управувањето со пари е власт. Тоа е и целта на власта. Генерално, секоја власт не сака да го даде тоа, ама кај нас се покажува дека ова трае предолго и оти централната власт е премногу скржава.“

Саво Ашталковски, професор по финансирање на локалната самоуправа од ФОН Универзитетот во Скопје, смета:

„Дел од тие пари, кои ги бараат општините, се веќе планирани за други намени по секторите на јавна управа. Во една ситуација во која се наоѓа централниот буџет сега е многу тешко да се очекува некое позначајно прелевање на дел од парите од централниот кон локалните буџети според оваа основа. Но, со тек на време, очекувам зголемување на овие ставки.“

Професорот Беџети дополнува: „Централната власт се покажа како неуспешна во управување со јавните пари во правец на преференциите и приоритетите на локалните самоуправи.“

__________

Како да се постигне помала зависност и поголема самостојност на општините? Ашталковски одговара:

„Долгорочно тие не можат да ја бараат финансиската самостојност само од централната власт. Значи, треба да посегнат по оние пазарни извори што им стојат на располагање, а, пред се‘, задолжување кај банките и емисии на општински обврзници на финансиските пазари.“

Во ваков контекст е и ставот на градоначалникот на Брвеница Пајазити:


Енвер Пајазити, градоначалник на Брвеница

„Покрај овие постојниве, ние мораме да изнајдеме и други извори на пари. Имаме и сопствени извори на финансирање: од купопродажни договори, од данок на имот, а од 1. јули годинава и од приливите врз основа на управувањето со градежното земјиште, што ќе им припадне на општините како надлежност. Но, сево ова не е доволно, особено не за селските општини.“


Автор: Свето Тоевски
Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска


http://www.dw-world.de/dw/article/0,,6460754,00.html?maca=maz-TB_maz_TVA1-3119-html-cb - http://www.dw-world.de/dw/article/0,,6460754,00.html?maca=maz-TB_maz_TVA1-3119-html-cb

-------------


Posted By: Superman
Date Posted: 25-Nov-2011 at 19:34
Општините бараат повеќе пари, но не го презеле градежното земјиште

Никола Крстиќ

Општините бараат поголемо парче од даночната пита. За да се зајакнат нивните капацитети, повеќе пари да завршуваат во локалните, наместо во централната каса.

„Примарно барање во сите натамошни преговори со централната власт ќе биде зголемување на финансиската независност на локалните власти, преку зголемување на средствата од зафаќањето на ДДВ во износ од 6 проценти и најмалку 30 проценти од персоналниот данок“ изјави Коце Трајановски, претседател на ЗЕЛС.

Централната власт на ставот – постојано работиме на подигање на приходниот капацитет на општините, до крајот на годинава сите треба да преминат во втората фаза на децентрализацијата.

„Со измената на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, зголемен е и процентот на приходите од данокот на додадена вредност од 3 на 4,5 проценти, што ќе се реализира етапно до 2013 година и ќе влијае на порастот на приходите на општинските буџети во оваа и ВО наредните години“ изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

„Досегашните успеси на сите општини се резултат на децентрализацијата, како главен столб на општеството и демократијата која ќе ја поддржува централната власт и во иднина“ рече министерот за локална самоуправа Невзат Бејта.

И додека бараат повеќе пари од даноците, слабо ги користат другите извори на капитал. Новиот инструмент, издавањето општински обврзници, досега го применил единствено Градот Скопје, а само 14 општини ги исполниле условите за преземање на државното неизградено земјиште.

Токму за ова апел од министерот за транспорт и врски – во отворено писмо ги повикува градоначалниците да ги преземат сите чекори за земјиштето да се префрли кај нив.

„Се надевам дека со имплементација на овој процес и со пренесувањето на надлежностите на единиците на локалната самоуправа, ќе бидеме чекор понапред во процесот на децентрализацијата“ стои во писмото.

Во меѓувреме, општините зафатени со ловење инвеститори и донатори и со презентирање на сработеното на шестиот по ред саем ЗЕЛС ЕКСПО, кој беше отворен денеска.



http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/makedonija/32078/opshtinite_baraat_povekje_pari,_no_ne_go_prezele_gradezhnoto_zemjishte.aspx - http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/makedonija/32078/opshtinite_baraat_povekje_pari,_no_ne_go_prezele_gradezhnoto_zemjishte.aspx

-------------
The One Whose Name Cannot Be Spoken...


Posted By: BOJAN
Date Posted: 26-Nov-2011 at 00:40
Вистине е ова, голем број општини не се ниту заинтересирани да го преземат државното земјиште, но таквите општини(најчесто руралните средини и помалите градови) пресметале дека со преземањето на земјиштето не добиваат многу, т.е. градежно земјиште за кое нема заинтересирани и кое не може да достигне на цена, а од друга страна ќе треба да плаќаат постојано вработени службеници за кои ќе треба да се плаќаат придонеси и воопшто за целиот процес. Едноставно, не им е исплатливо.


Posted By: axel
Date Posted: 19-Dec-2011 at 19:34

http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/skroen-opstinskiot-budzet.html - Скроен општинскиот буџет

Буџетот на општина Куманово за наредната година ќе изнесува околу 25 милиони евра.

http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/skroen-opstinskiot-budzet.html"> Скроен%20општинскиот%20буџет

Од  тоа 13,5 милиони евра се оперативен буџет, а 12  милиони денари за плати во јавните дејности и матерјални трошоци. Во однос на минатат година општинската каса во инвестициите ќе биде потешка за повеќе од 200 милиони денари.

Јас сум оптимист дека во поголем процент ќе ги завршиме големите капитални проекти за затворениот базен, улици и инфраструктирните проекти. Самата бројка покажува дека овој буџет е развојен, бидејќи имаме зголемување на капиталните инвестиции за сто проценти-вели градоначалникот Замјановски Дамјановски.   

Тој се надева дека со легализација на земјиштето во оштинската каса ќе се слејат повеќе пари и релизацијата на буџетот ќе биде приближна до проектираната бројка. 

http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/skroen-opstinskiot-budzet.html



Posted By: axel
Date Posted: 28-Dec-2011 at 17:17

http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/godinesniov-budzet-pogolem-za-30-odsto.html - Годинешниов буџет поголем за 30 одсто

 Буџетот на Општината Куманово за наредната година ќе биде повисок за 30 проценти во однос на оваа година и ќе изнесува околу 27,5 милиони евра.

http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/godinesniov-budzet-pogolem-za-30-odsto.html"> Годинешниов%20буџет%20поголем%20за%2030%20одсто

Од него 13,5 милиони евра е оперативна програма, од кои 8,2 милиони евра се капитални инвестиции, а останатите се плати и матерјални трошоци на локалната администрација. Буџетот мината година изнесувал 22,8 милиони евра.

Градоначалникот смета дека овој буџет е развоен и социјален, а на утрешаната седница ќе се чуе како ќе го оцени опозицијата.

http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/godinesniov-budzet-pogolem-za-30-odsto.html



Posted By: antiuser
Date Posted: 28-Dec-2011 at 18:24
Originally posted by axel

http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/godinesniov-budzet-pogolem-za-30-odsto.html - Годинешниов буџет поголем за 30 одсто

 Буџетот на Општината Куманово за наредната година ќе биде повисок за 30 проценти во однос на оваа година и ќе изнесува околу 27,5 милиони евра.

http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/godinesniov-budzet-pogolem-za-30-odsto.html"> Годинешниов%20буџет%20поголем%20за%2030%20одсто

Од него 13,5 милиони евра е оперативна програма, од кои 8,2 милиони евра се капитални инвестиции, а останатите се плати и матерјални трошоци на локалната администрација. Буџетот мината година изнесувал 22,8 милиони евра.

Градоначалникот смета дека овој буџет е развоен и социјален, а на утрешаната седница ќе се чуе како ќе го оцени опозицијата.

http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/godinesniov-budzet-pogolem-za-30-odsto.html



Заем само 8 милиона одат во капитални инвестиции од 27 и нешто милиони ?  Во какви глупости се трошат другите пари?


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 28-Dec-2011 at 18:46
За школи на пример кои сега се под општините сега. Се разбира изузетно мал дел од буџетот оди директно за равој. Она што мене повеќе ме интересира е од каде општина Куманово наеднаш добива 30% повеќе средства?Тоа е околу 8 милиони евра што нема од каде да се добијат освен преку задолжување. Се разбира јас немам ништо против задолжувањето, но на нашите управници им стана навика да не даваат отчет за ништо! Од каде ќе дојдат овие пари, за што ќе се наменат, колку ќе продуцираат и колку/кога ќе треба да ги вратиме?


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Macedonicus
Date Posted: 28-Dec-2011 at 20:23
Пак ќе кажам, мислам дека локалната самоуправа треба да се укине и да се оди на регионска управа т.е по региони. Статистичките региони да се напраат првостепени и да се даваат пари онаму каде што највеќе треба. Така е во секоја нормална земја во светов

-------------
ಠ_ಠ


Posted By: axel
Date Posted: 28-Dec-2011 at 20:25
antiuser ne znam што не ти е јасно.убаво си пишува 13,5 мил евра оперативен буџет од кои 8,2 мил евра се капитални расходи што и не е малку за толкав буџет а останатите 5,3 идат за плати на администрацијата греенје на сколите и слично


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 07-Mar-2012 at 22:22

Мислам дека е на добро место прашањево иако мислам дека имаше и некоја друга тема...

Дали во територија на општина Аеродром спаѓа Транспортен Центар, дали е поделен помеѓу Аеродром и Центар или пак е на територија на Центар?

Истото и за Вардар. Дали реката е поделена меѓу Аеродром и Гази Баба или пак спаѓа во територија на некоја од овие две....?



Posted By: N23
Date Posted: 07-Mar-2012 at 23:22
По она што е на терен, ТЦ треба да е дел од Аеродром. 


Posted By: mladen_s
Date Posted: 07-Mar-2012 at 23:36


Границите на општините во рамки на Градот Скопје се дефинирани преку текстот на законот (само не знам дали тој за окална самоуправа или за Град Скопје). Сигурно некој може да најде и во кој број на „Службен весник“ истиот е објавен...


Posted By: OCB
Date Posted: 08-Mar-2012 at 01:32
Originally posted by FoSsiL

Дали во територија на општина Аеродром спаѓа Транспортен Центар, дали е поделен помеѓу Аеродром и Центар или пак е на територија на Центар?

Транспортниот центар спаѓа под Општина Аеродром.
Originally posted by FoSsil

Истото и за Вардар. Дали реката е поделена меѓу Аеродром и Гази Баба или пак спаѓа во територија на некоја од овие две....?

Во тој дел Реката Вардар спаѓа под Општина Аеродром.

Подетално:

http://www.justice.gov.mk/LDBISReader/DocumentView.aspx?Type=1&Alb=0&ID=9368 - Закон за Градот Скопје (член 8)

http://www.aerodrom.gov.mk/tl_files/za%20opstina/generalni%20podatoci/mapa.gif - Мапа на Општина Аеродром

http://opstinacentar.gov.mk/resources/1/granici_620.jpg - Мапа на Општина Центар


Posted By: mladen_s
Date Posted: 08-Mar-2012 at 01:41


Кога пишувам „некој“, се знае на кого мислам



Print Page | Close Window