Print Page | Close Window

Вести

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Проекти
Forum Discription: Административни, станбени, резиденцијални...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=13
Printed Date: 30-Jul-2014 at 17:08


Topic: Вести
Posted By: pbanks
Subject: Вести
Date Posted: 09-Sep-2007 at 20:17

Овој thread може да служи за постирање вести за одредени проекти кои се во зачетна фаза, иницијативи и сл. Се додека не се квалификуваат да добијат свој сопствен thread




Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Sep-2007 at 10:44
блиц инфо, на Веро се копа интензивно сеа ѕирнав у градилиште... ја мислам за 10 дена максимум ќе биде готова дупката.
 
а на НЛБ дефинитивно се работи, дупката е огромна, и веќе е обложена колку што видов со првите изолациони слоеви.
 
а на објектот Партизанска/Св. Климент Охридски вчере веќе улетуваа бетоњери у градилиште


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Oct-2007 at 17:23
pak jas so NLB... prvpat vidov denes da isturaat beton... rabotata ide...  stariot salon na Mercedes skroz go ocistija, terenot e prazen no uste ne go ograduvaat niti ima kopanje. A kluckata na Trifun se gradi turbo, vekje gi napravija iskopite, gi postavija temelite na stolbovite i sl.


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 06-Oct-2007 at 16:47
Кај НЛБ има активност, редовно ѕиркам преку ограда... мммм.. многу ме возбудува целиот тој дел... стара железничка, рамстор, НЛБ, ГЕМА, Нова Македонија (ако се реновира), Европски универзитет, новиот хотел + трговски центар.. ммм.. ќе биде супер!!!

Абе нели ТИПО ќе го отвараа сеа почеток октомври? Ќе го отапат тоа изгледа до зимоска, а?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Oct-2007 at 18:27
Originally posted by gotsomekicks

многу ме возбудува целиот тој дел... стара железничка, рамстор, НЛБ, ГЕМА, Нова Македонија (ако се реновира), Европски универзитет, новиот хотел + трговски центар..


И јас многу се возбудив кога го видов. За малку не ме стрефи срце - до толку што ми беше гаден...


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 06-Oct-2007 at 18:57
^^ Не ми е по ќејф зградата ни мене, али ми се допаѓа локацијата за таков објект (универзитет) т.е. баш на таа раскрсница. Од тој аспект беше кажано.


Posted By: pbanks
Date Posted: 06-Oct-2007 at 19:17
Originally posted by gotsomekicks

^^ Не ми е по ќејф зградата ни мене, али ми се допаѓа локацијата за таков објект (универзитет) т.е. баш на таа раскрсница. Од тој аспект беше кажано.
 
od toj aspekt e OK, epten se ima napraveno guzva tamu, super izglea. No od aspekt na plavi stakla AngryAngryAngryAngry
 
BTW vo GEMA 1 (EBC) se otvori prviot dukjan, nekoja galerija


Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Dec-2007 at 14:15

Uste edna vest sto zaboraviv da ja napisam tuka i za zal nemozam da go najdam clanakot kaj sto ja procitav. Vsusnost bese intervju so direktorot na Vardar osiguruvanje vo vrska so primenite, novitetite, uslugite koi treba da gi ocekuvame od koga gi prevzemaa Triglav osiguruvanje od Slovenija. Megju drugoto najavi i investicija vo sovremena delovna zgrada za sedisteto vo Skopje. Cheers



Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Dec-2007 at 19:22
Ако пробараме по старите thread-ови на SSC сигурно ќе ја најдеме информацијава за планиран приватен старечки дом во Гевгелија. Но не знаев дека проектот веќе бил во изградба т.е. бил при крај Cheers
Баш ме интересира што е деловно трговскиот центар. Дали е некој од странциве што се токмат за супермаркети или...

Се на се... CheersCheersCheers

Зголемена градежна активност во Гевгелија

Во Гевгелија е забележана зголемена градежна активност. Според известувачот на Нетпрес од овој град, се финишираат работите околу изградбата на Домот за стари лица, чиј што инвеститор била скопската фирма „Беграмо инжењеринг“, а ќе се наоѓа на патот кој води кон Негорските бањи.
Во непосредна близина на железничката станица во Гевгелија на излезот од градот, во полн ек се наоѓале работите за изградба на нова бензинска пумпа на Макпетрол, а до неа ќе се градел и деловно-трговски центар.



Извор: http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=19454&kategorija=1 - Нетпрес


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Dec-2007 at 22:09
Денеска приметив (знам дека pbanks особено ќе се израдува Big%20smile), дека рушењето позади цветен пазар продолжува, веќе се стигнати до самиот крај - кај паркот.


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Dec-2007 at 22:12
Originally posted by Cloverstack

Денеска приметив (знам дека pbanks особено ќе се израдува Big%20smile), дека рушењето позади цветен пазар продолжува, веќе се стигнати до самиот крај - кај паркот.




веќе му се радувам подолго време на тоа. Објектот покрај паркот (за кој што не бев сигурен дали ќе го срушат бидејќи беше некоја цврста градба) го рушат веќе недела дена Banana

следна станица, Тинекс, Македонска куќа и сите други глупости на тој потег... Rock


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 02-Jan-2008 at 16:12
И повторно убави вести од за мене најинтересниот реон во Македонија
Потреба од резиденцијални објекти во Гевгелиско

Во оваа година за изградба на деловно-стопански комплекси во Гевгелија биле заинтересирани словенечкиот “Енгротуш“, рускиот гигант “Лукоил“, српската компанија “Делта“ и хрватскиот “Агрокооп“.

Со промовирањето на ски-центарот “Кожуф“ на планината Кожуф планина мошне атрактивни станале локациите во планинското одморалиште Смрдлива Вода, како и потпланинските села Хума, Конско и Серменин.

“Странските лица, кои се работно ангажирани, се повеќе пројавуваат интерес за изградба на свои индивидуални станбени објекти, што ќе го овозможи Мрзенски рид крај Гевгелија, каде има одлични услови за изградба на резиденцијални објекти, да стане атрактивен“, рече градоначалникот на Гевгелија, Драги Делев.


Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 02.01.2008 12:01:09



Posted By: La Linea
Date Posted: 02-Jan-2008 at 18:58
@UrbanFreak: исто мислиме за Гевгелиско Thumbs%20Up Тој дел стварно има потенцијал да стане центар на случувањата во источна Македонија


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 02-Jan-2008 at 19:24
@La Linea, UrbanFreak: очигледно тука сите се слагаме, и јас и пбанкс еднаш дискутиравме на темава и дефинитивно сме прилично возбудени за тоа што му претстои на овој крај.


Posted By: La Linea
Date Posted: 03-Jan-2008 at 15:32
Канцеларијата на УНДП и Општината Ресен ги информираат граѓаните дека е постигнат значаен напредок во обезбедувањето на услови за почетокот на реализацијата на градежните работи за уредување и заштита на Голема Река.

Преговорите со донаторот на проектот – Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), резултираа со обезбедување на дополнителни 1,000,000 Швајцарски франци кои ќе бидат искористени за изведување на работите на првата делница на реката во урбаната зона. Вкупната должина на делницата која е предмет на регулација изнесува 460 метри, а истата ќе биде уредена со оформување на минор коритото од природен камен, изградба на потпорен бетонски ѕид, значителен број на елементи од партерно уредување итн. Архитектонското решение за регулацијата на Голема Река е прикажано на сликите подолу.

Image

Image

Со завршувањето на градежните работи на оваа делница ќе се комплетира првата фаза од целосниот проект за уредување и заштита на Голема Река. Целата должина на регулацијата изнесува околу 1 километар и се протега од мостот кај живинарската фарма, до мостот кај бензинската станица на излезот од Ресен.

Image

Истовремено, планирано е да се изведе и фекална канализација со чија помош ќе се зафатат отпадните води од објектите лоцирани по должината на речното корито. Истите ќе бидат транспортирани до главниот колетор и пречистителната станица во Езерани, каде што ќе бидат соодветно третирани пред нивното испуштање.

Image

Image

Image
Ресен полека но сигурно го враќа својот сјај, и силно чекори напред, доволен доказ е тоа што според заводот за статистика за две години во Ресен се остварени над 1300 вработувања.

PrespaSky,
24/12/2007


Cheers




-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Jan-2008 at 15:37


кејот изгледа симпатично. Но немам никаква претстава во простор бидејќи само сум транзитирал низ Ресен. Не ни знаев дека таму има река Runaway


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Jan-2008 at 05:18
Ова ни промакнало... Ја регистриравме само првата локација.

Имате повеќе расфрлани информации по сајтот на министерството за транспорт и врски.

http://www.mtc.gov.mk/ - http://www.mtc.gov.mk/

Соопштенија :: 23.12.2007
Соопштение до јавноста

Почитувани,

Министерството за транспорт и врски Ве известува дека во насока на остварување на заложбите за зголемување на инвестициите и овозможување на економски раст на Република Македонија, распишани се повеќе објави за јавно наддавање за оттуѓување на градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија:

1. Објава за јавно наддавање за оттуѓување на градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, кое се наоѓа во Скопје, општина Центар, наменето за изградба на трговски центар, со вкупна површина од 385 м2 и почетна цена на јавното наддавање од 7.000 денари по метар квадратен.

Рокот за пријавување на јавното наддавање е 17.01.2008 година.

2. Објава за јавно наддавање за оттуѓување на градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, кое се наоѓа во општина Крушево, наменето за изградба на:

· хотели – 3 парцели, со почетна цена на јавното наддавање од 3.200 денари по метар квадратен и

· објекти за викенд домување – 36 парцели, со почетна цена на јавното наддавање од 600 денари по метар квадратен.

Рокот за пријавување на јавното наддавање е 22.01.2008 година.

3. Објава за јавно наддавање за оттуѓување на градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија кое се наоѓа во општина Велес, наменето за изградба на објекти за домување – 27 парцели, со почетна цена на јавното наддавање од 400 денари по метар квадратен.

Рокот за пријавување на јавното наддавање е 31.01.2008 година.

4. Објава за јавно наддавање за оттуѓување на градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, со намена:

· Мало стопанство, на територија на општина Гевгелија - 2 парцели, со почетна цена на јавното наддавање од 500 денари по метар квадратен,

· Стопански објекти, на територија на општина Струмица - 4 парцели, со почетна цена на јавното наддавање од 100 денари по метар квадратен и

· Индивидуално домување, на територија на општина Битола - 26 парцели, со почетна цена на јавното наддавање од 1.500 денари по метар квадратен.

Рокот за пријавување на јавното наддавање е 06.02.2008 година.

5. Објава за јавно наддавање за оттуѓување на градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, со намена:

· Мало стопанство, на територија на општина Радовиш - село Калуѓерица, со почетна цена од 150 денари по метар квадратен и

· Стопански објекти на територија на оштина Радовиш – 2 парцели, со почетна цена од 400 денари по метар квадратен.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Jan-2008 at 21:07
Населба кај Хиподром + индустриска зона од другата страна на автопатот Thumbs%20Up

За мене најинтересен момент е оној „надвозник“ што го најавуваат. Тоа е всушност планирана дијамант-клучка (прва после клучката хиподром во правец на градот). Веќе постои проширување на 2x4 ленти кај Хиподром и кај клучката кај Маџари и Ченто. Ако набрзо се претвори постојниот втор надвозник меѓу Маџари и Ченто во дијамант-клучка (како што е планирано според ГУП) и ако се придодаде оваа нова клучка што треба да се изгради за населбава и индустриската зона, ќе ја добиеме првата 2x4 автопатска делница во Македонија. Ќе биде долга нецели 4km, ама и тоа е нешто за почеток Big%20smile

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C174F4250584564890FE6A190601AFB0 - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C174F4250584564890FE6A190601AFB0


СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА СКОПЈЕ И ГАЗИ БАБА


Нова населба за 5000 жители во Хиподром


Изградба на нова населба во Хиподром, како и на индустриска зона на потегот од фабриката Железарница до заобиколницата, се двата капитални објекти за кои Општина Гази Баба вчера доби поддршка од скопскиот градоначалник Трифун Костовски. На заедничката средба двајцата градоначалници го отворија и прашањето околу парк шумата Водно, изградбата на водоводната канализација во Инџиково и на водоводната мрежа во Ченто.
- Добивме согласност од Градот за изградба на нова населба во Хиподром за околу 5000 жители, која ќе се гради во рамките на Генералниот урбанистички план. За овој простор, кој во моментот претставува државно земјиште треба да се донесат итно деталните урбанистички планови, бидејќи веќе имаме заинтересирани инвеститори од Турција. Сепак, реализацијата би се одвивала етапно во зависност од интересот, изјави вчера градоначалникот на Гази Баба, Коце Трајановски.
Тој напомена дека локацијата е атрактивна со оглед дека се наоѓа на влезот во Скопје и е во близина на спортско-рекреативни центри и магистрален пат. Според него тука е предвидена и добра инфраструктура, како и изградба на надвозник. За двата проекти, за да ги привлечат инвеститорите, ќе треба прво да ја обезбедат инфраструктурата, за што биле во контакт со Министерството за транспорт и врски. За узурпацијата на Парк-шумата Гази Баба, Трајановски посочува дека барале од градот во Генералниот план кафеавата зона да се замени со зелена, по што би можело и законски да се делува во однос на дивоградбите.
Скопскиот градоначалник Костовски, пак, го потенцираше проблемот со инфраструктурните проблеми кои мора да се решат.
-Ова е четврта посета на скопски општини, на која беше поставено и прашањето за лимитирање на границите на градот, со цел да се утврди до каде тој може да се шири. Со креиран став и добра проценка може да се креира и целата инфраструктура, изјави Костовски. Во однос на економскиот развој тој напомена дека Градот се уште нема толку јаки инструменти за да го проектира, но дека проблемот би се решил преку добивање на повеќе надлежности во текот на децентрализацијата која се спроведува.



Posted By: ProMKD
Date Posted: 28-Feb-2008 at 02:15
Странци купуваат земјиште во Гевгелија

Руски „Лукоил“, словенечки „Енгро туш“, српска „Делта“ и хрватски „Агрокор“ се заинтересирани за изградба на деловно-стопански комплекси западно од стариот влез во Гевгелија. Интересот за изградба на атрактивни туристички локации, деловни и спортски центри и на станбени објекти од домашни и странски инвеститори наметна потреба Општина Гевгелија да изработи урбанистички планови за неурбанизирано земјиште. Дел од инвеститорите веќе купуваат приватно земјиште за да обезбедат градежна парцела соодветна на проектните барања. Но, повеќето од нив бараат да купат земјиште од државава. Неколку локации се особено атрактивни за нив. Тоа се зоната на влезот во Гевгелија, во близина на граничниот премин Богородица. Веќе се изработува урбанистички план за овој простор од над 100 хектари. Општината размислува да го уреди и урбанизира Мрзенски Рид во луксузна станбена зона. Се најавува и отворање технолошки парк кај Прдејци.Во интерес на странските компании е и одлуката на Владата со која се одобрува странци да купуваат земјиште и станбен простор во земјава.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=405EA102E6FD9B48B7CB88E48C875DA3

А дали некој има слушнато за ова? Ако е заедничи објект меѓу спомнатите фирми, тоа може да прерасне во нешто многу убаво за Гевгелија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Feb-2008 at 10:55


тоа се многу генерални најави кои нонстоп кружат по медиумите. Додека не се случи нешто поконкретно ќе останат само убави прикаски. Од сите досегашни проекти најавени за Гевгелија евентуално се гради само наводниот Шератон на турски Принцес.


Posted By: ProMKD
Date Posted: 28-Feb-2008 at 23:21
Не се знае, можеби Гошев ќе инвестира некое милијонче, па нели доста заштеди кога купи земја таму за бадијала, хехе. мала шала


Posted By: La Linea
Date Posted: 29-Feb-2008 at 01:12
Многу вакви вести, многу малку остварено. Ама да бидеме оптимисти

Израелци ќе развиваат туризам на Илинска Планина

Ќе се градат хотели, ски-лифтови и лифт-вагони од селото Железнец до планинскиот врв

ДЕМИР ХИСАР - Израелски бизнисмени се заинтересирани да градат зимски туристички центар на Илинска Планина висока околу 2.000 метри која се наоѓа во близина на Демир Хисар. Од општината потврдуваат дека завчера Израелците го разгледале теренот. Според плановите на странците, туристичкиот комплекс би се градел на Илинска Планина, во близина на манастирот „Свети Илија“ кај селата Мало и Големо Илино. Ќе се градат хотели на највисоката точка на планината, ски-лифтови и лифт- вагони за патување на релација од селото Железнец се' до врвот на планината.

„Израелска делегација е на гости во Демир Хисар. Тие сакаат демирхисарската планина да ја претворат во туристичка атракција. Ќе инвестираат за да го заживеат крајот со зимски туризам“, најави градоначалникот Љупчо Најдовски.

Она што засега му недостасува на овој крај е инфраструктура според стандардите на странците, велат локалните власти, надевајќи се дека тоа нема да ги одврати од намерата.

Грчки бизнисмени заинтересирани за изградба на хотели и казина во Демир Хисар се откажаа од големите планови откако пред некој ден видоа партиски симболи на ВМРО-ДПМНЕ, знамето од Вергина и лавот на училишната спортска сала во изградба. Според Најдовски, Грците биле заинтересирани да градат на општинско земјиште на површина од 17.000 квадратни метри и да го преуредат целиот комплекс. (Б.Т.)



Статијата е прочитана 9 пати.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B2ECB3876923FE47A7B319EB39F2CBE1 - Utrinski





-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Mar-2008 at 00:22
Добра вест Cheers. Додуше не ми е баш јасно како ќе изгледаат два плоштади на толку мала раздалечина. Во секој случај подобро од таа грдотија.

Ќе се урива зградата на старата библиотека во Охрид

03.03.2008 19:56  - Нина Кепеска

Со одлука што треба да ја донесе Владата, ќе се урива зградата на поранешната градска библиотека во Охрид и на нејзино место ќе има атрактивен плоштад со отворен поглед од езерото и пристаништето кон црквите, Долна порта, Самуиловата тврдина и стариот град, чија визура е затворена од големиот објект кој го нагрдува градот на УНЕСКО.

„На наш трошок ние веднаш ќе пристапиме со рушење на библиотеката. Ако денеска ја донесе одлуката Владата, ние уште од утре ќе почнеме да ја рушиме“, рече Александар Петрески, градоначалник на Охрид.

Според заштитно-конзерваторските основи што за просторот Табана ги изработи Заводот за заштита на споменици и музеј - Охрид, а ги усвои Управата за заштита на културното наследство, општината даде зелено светло за изработка на нацрт план за урбанизација на овој простор, за кој на крај ќе гласаат градските советници.

„Се предвидува реконструкција врз основа на постоечките артефакти коишто ги имаме на теренот, реконструкција на јужната кула од Долна порта, реконструкција на дел од периметралниот бедемски ѕид на подградието од Самуиловата тврдина и рушење на објектот каде што беше сместена градската библиотека“, изјави Тања Паскали Бунташеска, директор на Завод и музеј - Охрид.

Според градската власт, старата библиотека ќе се урива овој месец, а до почетокот на летната сезона треба да нејзино место да изникне плоштад со споменик на значајна личност од Охрид.

И покрај неколкугодишните барања до централната власт, до реализација на оваа иницијатива доаѓа по објавувањето на прилогот на А1.

Локалната самоуправа во соработка со Министерството за култура сака овде да се направи и туристичка пешачка патека што ќе води од Долна до Горна порта покрај бедемите на Самуиловата тврдина, што треба да се возобноват.



http://www.a1.com.mk/vest.aspx?VestID=90362


Posted By: La Linea
Date Posted: 04-Mar-2008 at 01:00
Хм.. Каде е оваа градска библиотека, како што е објаснето во статијава немам претстава каде би дошло ова...




-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Mar-2008 at 01:05
Знаете што е јако. Оваа самоилова да се откопа цела и да биде нешто како дубровник што е тврдината.


Posted By: La Linea
Date Posted: 04-Mar-2008 at 01:09
Previous Сакаш да кажеш дека не е во целост откопана? Мислам дека покрај што е откопана, делови се реставрирани...

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Mar-2008 at 01:18


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Mar-2008 at 01:22
pbanks mislam deka taa zgrada shto ja posochi e kapetanijata vo ohrid.


p.s. Kapetanija e administrativnata zgrada na pristanishteto.


Posted By: La Linea
Date Posted: 04-Mar-2008 at 01:24
Previous Banana Toп, одамна си мислев каков трн во око е зградава... А за тоа дека два плоштади се толку блиску, мислам дека нема да пречи. 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Mar-2008 at 01:27
Originally posted by lslcrew

pbanks mislam deka taa zgrada shto ja posochi e kapetanijata vo ohrid.


p.s. Kapetanija e administrativnata zgrada na pristanishteto.


i jas taka znam. Objektov bese najaven za rusenje pred od prilika godina dena. Ova e vtora najava. Togas procitav deka bibliotekata se smestila vo kapetanijata i se raboti za toj objekt. Znaci ako sum greska, gresna e mediumskata informacija.

E sega koga kje razmislam. Ne mi teknuva na druga glomazna zgradurina koja strci vo stariot del i koja moze da se otvori kon ezeroto i da gleda kon tvrdinata i crkvite.

Drug moment koj se spomenuva i vo ovaa objava. Se zboruva za mesnost Tabana. Kolku sto znam jas se raboti tokmu za mesnosta kade sto e kapetanijata, imas tuka i kukja i kafic koi se vikaat Tabana (na vlezot vo stariot del od kaj glavniot plostad, ponova kukja e). Fakticki se naogja nad kapetanijata.


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 04-Mar-2008 at 17:37

pbanks ubavo vi kaza za koja zgrada stanuva zbor.. se misli na starata biblijoteka, grda zgrada koja ja rastura avtenticnosta na ohridskata arhitektura. ke vi postiram slika.

Originally posted by pbanks



Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 04-Mar-2008 at 17:45


eve ja na slikava.


Posted By: ProMKD
Date Posted: 04-Mar-2008 at 22:37
Колку што знам јас, летно време тука покрај зградата имаше дискотека? Не знам според далечнава слика дали е исто, ама тука во близина е. Знам диското беше многу модерно, реновирано и се, а зградава личеше на штала од 17 век


Posted By: dejan
Date Posted: 05-Mar-2008 at 11:55
Originally posted by GreatMakedon



eve ja na slikava.

Na taa mislev...ubavo togas, ke se otvori toj del poveke isto ic ne i bese mesto tamu.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Mar-2008 at 12:33
Добро е што конечно ќе се руши таа безвезна зградурина.

Уште од мал ми упаѓа во очи и стално сум бил на мислење дека го нагрдува целиот поглед.


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Mar-2008 at 00:11
Болдираниот дел е посебно битен. Тоа ќе ми влее надеж дека од сите овие силни лицитации нешто сепак ќе биде. Немора следниот месец но до Мај-Јуни би било супер да почнат. Thumbs%20Up

Се бара инвеститор за деловен објект De Lux


По продажбата на земјиштето за хотел и трговски центар минатата година, градежната парцела на улицата Железничка (спроти "Љуц") за изградба на деловен објект на шест ката ќе се оттуѓува идниот месец


Најдоцна за три години на просторот зад Рамстор, на улицата Железничка ќе треба да се изгради комплекс со луксузен хотел, трговски центар и деловен-бизнис центар. Земјиштето за хотелот и трговски центар беше продадено по пат на лицитација минатата година, а градежната парцела за изградба на деловен објект на шест ката ќе се оттуѓува идниот месец.

Министерството за транспорт и врски деновиве ги објави условите и начинот за учество во јавното наддавање. Право на учество имаат фирми кои самите поседуваат или пак се поврзани со компании кои се сопственици на најмалку пет бизнис објекти, кои во последните три години имаат инвестирано во недвижности од најмалку 500 милиони долари и кои котираат на една од берзите на земјите-членки на ЕУ, Јапонија, САД, на ОЕЦД, или пак се компании контролирани од Регулаторно тело. Почетната цена на јавното наддавање е 8.500 денари од метар квадратен. Вкупната површина на државното земјиште што се оттуѓува изнесува 4.700 метри квадратни, а површината на објектот е околу 2000 квадрати на приземје и шест ката во висина до 21 метри.

На истата локација хотел ќе гради "ХЛХ Мак", фирма која стана сопственик на парцелата од 5000 квадрати откако на јавно наддавање понуди 8.500 денари за квадрат, а на 5.400 квадрати "Елан Пропертис" ќе го гради трговскиот центар за што плати 24.800 денари за метар квадратен.

- Двете фирми ги уплатија средствата во износ од износ од 41.905.000 денари, односно 133.622.400 денари или заедно близу три милиони евра, договорите се потпишани и очекуваме градежните работи да почнат до почетокот на идниот месец. Согласно договорот, изградбата на двата објекти ќе треба да ја заврши за две години - вели портпаролот на Министерството за транспорт и врски Драган Симоновски.

На оваа локација имаше голем број времени монтажни бараки кои градежната инспекција на општина Центар ги отстрани заради реализација на деталниот урбанистички план.

Елизабета АРСОСКА


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=F0AFB6336616004CBDB82FB6656C305F - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=F0AFB6336616004CBDB82FB6656C305F


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 14-Mar-2008 at 00:18

На истата локација хотел ќе гради "ХЛХ Мак", фирма која стана сопственик на парцелата од 5000 квадрати откако на јавно наддавање понуди 8.500 денари за квадрат, а на 5.400 квадрати "Елан Пропертис" ќе го гради трговскиот центар за што плати 24.800 денари за метар квадратен.
 
Еве ги реалните цени за центар. Па сега видете колку е реална цената на дибекот Кирил.


Posted By: blejdsk
Date Posted: 14-Mar-2008 at 01:00
toa e pocetna cena! 


Posted By: La Linea
Date Posted: 29-Mar-2008 at 16:29
Добри вести од Гевгелија Thumbs%20Up


Ќе се урбанизира локалитетот до преминот Богородица

Ќе се урбанизира просторот од граничниот премин Богородица до мостот на вардар крај Гевгелија. Превидени се хотели, казина, бензинска пумпа и други објекти.

Во рамките на Програмата на приоритетна изработка на урбанистички планови за 2008 година што ја донесе Владата, спаѓа и урбанизацијата на локалитетот во близина на Богородица.  Предвидено е на просторот да се изградат хотели, казина, бензински пумпи и други објекти. Како што јавува дописникот на Нет прес од Гевгелија, овие планови се финансирани од државната каса, а, на тендерот победи фирмата “Ин – пума “ од Скопје.

Се урбанизира и просторот меѓу населените места Мрзенци и Негорци, за изградба на болница, хотели, бензинска пумпа. 

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=26870&kategorija=1 - Netpress



Рендери, рендери, рендери. Само ме интересира дали мислат комплетна реконструкција на народниот театар како оваа во Скопје, или се помешале со реставрација - реновирање?
Во Гевгелија ќе се гради Градско Пазариште и автобуска станица

Активностите на локалната самоуправа во оваа година ќе бидат насочени кон реализација на повеќе проекти, вели градоначалникот на Гевгелија, Драги Делев.

Ќе се стартува со изградба на ново Градско пазариште, чија реализација се чека повеќе од десет години, пренесува дописникот на Нетпрес од Гевгелија.

Наскоро треба да започне и изградбата на нова Автобуска станица, во близина на Железничката станица, каде е предвидена гаража. Исто така, ќе се доизгради и Занаетчиски центар, каде дуќаните ќе бидат давани под концесија. Предвидена е и реконструкција на Народниот театар во Гевгелија.
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=26867&kategorija=1 - Netpress



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: ProMKD
Date Posted: 29-Mar-2008 at 20:36
А што е ова бензинска, мислат покрај патот во северна насока? Јужно веќе има макпетрол


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Apr-2008 at 04:45
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=835C3230ACAB434CADB73236B84B149D - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=835C3230ACAB434CADB73236B84B149D

Изборите ги одложија лицитациитенадржавни земјишта

Вчерашното јавно наддавање за продажба на земјиштето на улицата Железничка, на која треба да се гради деловно-комерцијален објект, се одложи на неодредено време. Причина за одлагањето на вчерашното и на останатите планирани наддавања, како што велат од Министерството за транспорт и врски, се распишаните парламентарни избори, кои ќе се одржат во јуни. За датумот и времето на одржување на јавните наддавања, Комисијата за спроведување на постапките за јавно наддавање дополнително и благовремено, по писмен пат ќе ги извести пријавените понудувачи, потенцираат од Министерството. Инаку, градежната парцела на улицата Железничка е со површина од 4.700 квадратни метри, а како посебни услови во објавата е наведено компаниите да поседуваат најмалку пет деловни објекти, да имаат капитал во инвестиции во недвижности од најмалку 500 милиони долари, остварени во последните три години и да котираат на една од светските берзи. Почетната цена на јавното наддавање е 8.500 денари.

(А.П.)



Posted By: vardar
Date Posted: 19-Apr-2008 at 16:33
Последно време има доста "интерес" од германски фирми РВЕ со хидроелектраните Хохтиф со аеродромот а еве сега и за касарната илинден....мислам веќе  зборевме на оваа тема дали треба да се продаваат касарните особено по-стратешките....
 
 

Германците сакаат да инвестираат во енергетиката и во бизнис-центар

Делегацијата не се сомнева оти изборот на понудувач за „Чебрен“ и „Галиште“ ќе се одвива фер

Германски бизнисмени се заинтересирани да инвестираат во земјава, посебно во енергетиката, финансискиот сектор, инфраструктурата, како и за градење голем бизнис-центар кај касарната „Илинден“. Ова е најавата од дваесетина бизнисмени од Германија, кои ја придружуваа државната делегација на германскиот претседател Хорст Келер на вчерашната средба со вицепремиерот Зоран Ставрески.

Германските стопанственици најмногу биле заинтересирани за енергетиката, за малите и за големите хидроелектрани, за финансискиот сектор, за соработка за финансирање покрупни проекти во инфраструктурата, аеродромите, патиштата и Интернет-банкарството, за изработка на електронски здравствени картички и во областа на животната средина.

Бизнисмените од Германија пројавиле интерес и за неподвижен имот, особено за реализација на крупен проект на Владата кој предвидува кај касарната „Илинден“ да се изгради голем резиденцијален и бизнис-центар.

Заради комплетирање на овој проект, Ставрески очекува до крајот на годината да бидат завршени подготовките за проектот и тој да биде вметнат во Деталниот урбанистички план.

Македонија и Германија најдобро соработуваат во трговијата, а се очекува подобрување на соработката во делот на инвестирањето на германски фирми во Македонија.

Во делегацијата биле присутни претставници на средни претпријатија кои бараат заеднички интерес со македонски бизнисмени.

Парламентарниот државен секретар Хардмуд Шауерте, кој ја предводеше стопанската делегација, за медиумите изјави дека германската економија е заинтересирана за соработка во повеќе области кои би можеле да помогнат за забрзан развој, посочувајќи ги инфраструктурата и обновливите енергии. Во врска со хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“, Шауерте рече дека не се сомнева оти изборот на најдобриот понудувач ќе се одвива на фер начин, а со евентуалниот избор на заинтересираната германска компанија РВЕ, Македонија ќе добие соодветен партнер за соработка. (А.С.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=EF2A7D576D8B8E449C57A732ABF264DE - Utrinski
 


Posted By: blejdsk
Date Posted: 23-Apr-2008 at 00:24
Џетсетерите ќе играат голф во Таор


Голф терени, спортски аеродром, луксузни хотели и резиденцијални апартмани, ергела со коњи и зоолошка градина, спа центар, се само дел од идејните проекти на неколку странски инвеститори кои се подготвени веднаш да почнат да градат


Природните убавини и идеалната географска поставеност на 15-те населени места во општина Зелениково може да ги претвори во европски џет-сет центар. Голф терени, спортски аеродром, луксузни хотели и резиденцијални апартмани, ергела со коњи и зоолошка градина, спа центар, се само дел од идејните проекти на неколку странски инвеститори кои се подготвени веднаш да почнат да градат. Но, градоначалникот Борче Гиевски се пожали дека пред инвеститорите стои со врзани раце поради тоа што со државното земјоделско земјиште стопанисува концесионер кој има договор за 30 години.

- Минатата власт го дала земијштето на човек-фирма којшто ниту го обработува, ниту плаќа концесија, ниту пак го враќа имотот на државата. Затоа ние, како локална власт побаравме договорот да се раскине и сега предметот е во судска процедура. Се надевам дека наскоро ќе добие завршница и конечно ќе можеме да ги реализираме проектите кои не само што ќе значат развој на нашата општина, туку на целиот регион - вели Гиевски. Тој најави дека македонски бизнисмен од Австралија бил заинтересиран да купи 60 хектари земјиште во Таор за да гради луксузен комплекс за професионално игралиште за голф со 18 дупки, а домашен инвеститор бил подготвен веднаш да почне со преуредувањето на 45 хектари во спортски парк.

- Тие извршија анализа на теренот, мереа скицираа, ни понудија дури и готови проекти. Само овие две инвестиции чинат околу 15 милиони евра, но и отварање на околу 300 работни места. Доколку тоа се случи, не само што ќе се спречи трендот на иселување на селата туку голем број граѓани ќе се вратат назад, а целиот регион ќе заживее - вели градоначалникот Гиевски. Тој се надева дека токму овој дел ќе биде собиралиште на македонските, но и на европските џетсетери.
http://vecer.com.mk/?ItemID=7EBCB1C45D73A144A45DCD4D0072E023 - http://vecer.com.mk/?ItemID=7EBCB1C45D73A144A45DCD4D0072E023


-------------
Nothing's Gonna Stop Us Now
WE ARE ALL ONE.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Apr-2008 at 00:37


Да да... Петровец, Гевгелија, Охрид... Во приказнава изгледа се менува само локацијата. Моментално е Зелениково.


Posted By: ProMKD
Date Posted: 23-Apr-2008 at 02:59
пуу колку пати се смени де чојлија (петровец) де зелениково. Ич не ми е гајле за голф терен!! Џет сетери до александар велики...хаха како не !! 


Posted By: blejdsk
Date Posted: 23-Apr-2008 at 15:28
Nemojte taka be,,,,bidete malce optimisti , se nadevam ke bide sea ..

3 majka e ova.))


-------------
Nothing's Gonna Stop Us Now
WE ARE ALL ONE.


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Apr-2008 at 17:59
Изгледа биднало рушењето во Охрид




Posted By: blejdsk
Date Posted: 01-May-2008 at 01:29
Ova go najdov na You tube ,,,,Agora -Struma vo Strumica,,,delovno rekreativen centar ..
neznam dali do sega sme imale informacii za ova...

[tube]au5gGE03a_0&feature=related[/tube]


-------------
Nothing's Gonna Stop Us Now
WE ARE ALL ONE.


Posted By: pbanks
Date Posted: 01-May-2008 at 01:39


Прв пат го гледам Thumbs%20Up


Posted By: mitatos
Date Posted: 01-May-2008 at 18:59
wow prekrasno nesto, ja koga bev bo turcija vo bursa, imase vakov slicen trgovski centar , bese 7 kata pod zemja i 3 nad , vo forma na piramida, i na skopje mu fali vakov trgovski centar  

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-May-2008 at 22:07

И Штип добива своја Сончева Долина

Населбата го доби името Блок 2.000 и во неа веќе се градат првите четири приватни куќи

Иван Бојаџиски

Штип - Населба за богати луѓе од типот на скопската Сончева Долина никнува и во Штип. Населбата го доби името Блок 2.000 и во неа веќе се градат првите четири приватни куќи. Нивните сопственици купија плацови од по илјада квадратни метри на кои ги градат своите нови, луксузни и удобни живеалишта, во чии дворови треба да никнат рајски градини, базени, простори за одмор и рекреација. Меѓу првите градители се и штипјани кои направија пари живеејќи во Скопје, но решиле да си направат комфорни живеалишта во родниот град, да им се најдат за стари денови.

„На тој простор имаме разработено триесет локации. И во Штип, во времето на транзицијата, се создадоа богати поединци кои не жалат пари за новите семејни гнезда со највисок комфор. Засега се продадени само четири плаца, но интересот да се има убав дом токму на тој простор е прилично голем. Сепак, во целата оваа приказна има и еден голем проблем. А тоа е фактот што земјиштето е во државна сопственост, па со него не можат да располагаат општините кои се во состојба многу побргу и поквалитетно да одговараат на барањата на заинтересираните. Проблем е и тоа што инвеститорите бараат населбата прво инфраструктурно да се уреди за да бидат сигурни дека нема во своите луксузни куќи да се вселуваат газејќи по калливи патишта. Тоа сега го нема, зашто државата бара инвеститорите прво да платат за инфраструктурата, а потоа да се изгради. Што се однесува до нас, навреме одговараме на барањата на нашите сограѓани кои сакаат да живеат во една ваква населба“, вели Душко Стојанов, раководител на Одделението за урбанизам и заштита на човековата околина.

Она што ја издвојува оваа населба од другите е нејзината извонредна локација. Населбата е сместена на една височинка од која на југозападната страна се простира поглед на цел Штип, а на југоисточната погледот наскоро ќе ги милува водите на вештачката акумулација на реката Отиња, која локалната власт најавува дека наскоро ќе почне да ја гради.

Штипските урбанисти сметаат дека само оваа населба нема да може да ги задоволи барањата на сите богати штипјани кои сакаат повисоки стандарди на живејачка, за што се подготвени да платат колку што треба.

„Факт е дека оваа населба за имотните има лимитиран потенцијал и дека градот ќе мора да бара и други локации и да урбанизира простор за т.н. сателитска населба. Среќа е тоа што градот има повеќе такви погодни простори кои се одделени од градската целина, а сепак се во близина на Штип. Такви се локациите над бањата Кежовица, кај селото Криви Дол, на излезот од Штип кон Радовиш… Сосема сум сигурен дека до крајот на 2010 година, барем на една од овие локации, ќе никне првата поголема сателитска населба во близина на Штип“, вели архитектот Благој Здравев, сопственик на проектантското биро „Слерме проект“.



Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=40FC3812CE264942970FA9C82AD9A42E - Утрински весник


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-May-2008 at 20:17
А која е таа „Сончева Долина“ во Скопје???


Posted By: La Linea
Date Posted: 07-May-2008 at 20:34
Originally posted by Cloverstack

А која е таа „Сончева Долина“ во Скопје???


ЛЕЛЕ СТВАРНО LOL LOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOL

Добро бе, дали сите новинари во светот се волкави дебили?

Мислат на Сончев Град.

LOL

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-May-2008 at 20:39
Па не знам на што мислат, затоа прашувам која е таа населба сончева долина, мене лично во моментов не ми текнува за таква населба...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-May-2008 at 20:56
Сончева долина е фабрика за паковање: грав, леќа, презла, боранија итн. Се збунила новинарите.

http://www.makprogres.com.mk/mk/oriz.asp?register=loso&adresa= - http://www.makprogres.com.mk/mk/oriz.asp?register=loso&adresa=


Posted By: blejdsk
Date Posted: 09-May-2008 at 23:47
Mozebi na nekogo ke mu izlea kako politicki marketing , ama jas bi rekol deka ke bide korisno i ke se najde vo idnina za toa kako mnogu proekti ke se dvizat i ko ke bidat planovite na vladata ,,Da ne se sluci nesto da ne iznenadi ......

A da......ke se gradi crkvata ....

Od programata 100 cekori 2 del..

















Da bide 70% ostvareno od programava celosna sto e ,,,,Ke bide top....


-------------
Nothing's Gonna Stop Us Now
WE ARE ALL ONE.


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-May-2008 at 00:35


па добро во секој случај е убаво да го имаме списоков тука... ќе се најде


Posted By: blejdsk
Date Posted: 10-May-2008 at 01:24
Ima uste mnogu raboti vo programata ,,koj saka  moze da ja cirne ,,,

a da i oblakoderite se spomnati ,,deka ke se napravat napori da se realiziraat da najdat investitori ,,,,i deka ke bidat ,,50 -60 kata ....jas mislam deka e taman ,,,

znaci slikata moze da ispande realnost ....

sum napravil dobra procenka


-------------
Nothing's Gonna Stop Us Now
WE ARE ALL ONE.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-May-2008 at 02:46
Да, добро е да стои тука, па да видиме како ќе оди реализацијата. Само уште подобро е да ја ставиме и старата програма, па да видиме што од тоа беше реализирано.


Posted By: blejdsk
Date Posted: 10-May-2008 at 03:01
Utre ke postiram toa sto bese realizirano ,,,,go ima i toa vo nea,,,

-------------
Nothing's Gonna Stop Us Now
WE ARE ALL ONE.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-May-2008 at 03:04
Хехе тоа не е добар пристап... Ако можеш најди ја оргиналната програма, па ние самите можеме да процениме што и колку е реализирано. Не мора никој да ни кажува...


Posted By: La Linea
Date Posted: 23-May-2008 at 00:49

ОПШТИНА АЕРОДРОМ И ГРАД СКОПЈЕ ДОГОВОРИЈА 11 ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТИ

Заменик-градоначалникот на Општина Аеродром, проф. д-р Југослав Зибероски, денеска, на 22.5.2008 година, оствари средба со градоначалникот на Град Скопје, Трифун Костовски, на која беа договорени 11 заеднички проекти во претстојниот период.

На средбата беше констатирано дека без оглед на сите досегашни проблеми во меѓусебната комуникација, соработката меѓу Градот и општината треба да продолжи да „функционира на едно цивилизирано ниво“ во интерес на граѓаните на Општина Аеродром и Градот Скопје.

„Задоволство ми е да работиме на решавање на проблемите и да продолжиме онаму каде што бевме застанати во соработката со Град Скопје во интерес на граѓаните. Ќе почнеме со заедничко уредување на Реонскиот центар „Аеродром“, како прв приоритет, во што со својот авторитет и финансиски во овие напори ќе ни помогне и Град Скопје, а потоа и комуналните проблеми во сите други населби во Општина Аеродром. Проблемите треба да се решаваат на маса“, изјави заменик-градоначалникот, Зибероски.

Градот и Општината начелно се согласија дека во наредниот период треба да се реализира амбициозна програма во која влегуваат повеќе инфраструктурни, сообраќајни, комунални и урбанистички проекти, меѓу кои трамвајска траса со почеток во Ново Лисиче до Центар, булевар „Србија“ (до улица „Првомајска“), на завршување на осветлувањето и на атмосферската канализација, доизградба на булеварот „Видое Смилевски - Бато“, завршување на комуналната инфраструктура во Реонскиот центар „Аеродорм“, учество во изградбата на фекална и атмосферска канализација во населбата Мичурин, уредување на кејот од Транспортниот центар до мостот „Близнак“ со велосипедска патека, скејт-парк во соработка со Агенцијата за млади и спорт, чистење и уредување на Усјанскиот канал, дислокација на автобускиот терминал во Ново Лисиче, изградба на препумпна станица во Лисиче и обнова на автобуските постојки.

Градоначалникот Костовски и заменик-градоначалникот на Општина Аеродром, Зибероски ги задолжија администрациите да ги договорат сите детали за непречена реализација на сите предвидени проекти и најавија скорешно потпишување и на протокол за соработка.

За реализација на некои од проектите ќе биде побарана помош и од централната власт, како на пример проектот со изградба на препумпната станица во Лисиче, бидејќи станува збор за проект од големо значење за поширокиот реон и бара поголеми средства за негова реализација.

Покрај реализацијата на предвидените проекти договорено е заеднички активности и на комуналните инспекции, со цел да се подобри комуналната состојба на теренот.

Град Скопје најави активно вклучување во акцијата за уредување и чистење на Реонскиот центар „Аеродром“, која ќе се одржи во недела (на 25.5.2008 година), ставајќи ја на располагање механизацијата на градските јавни претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“.

http://www.aerodrom.gov.mk/index.aspx?item=751 - Aerodrom.gov.mk



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-May-2008 at 12:21
Интересен текст за Гевгелија... како и обично Cheers

[quote]

Гевгелија-идната бизнис престолнина на Македонија
Последната станица пред морето!
“Гевгелија-последна станица пред морето!” Ова е новиот слоган кој ќе ги дочекува гостите пред влезот во Гевгелија. Визијата на градските власти е малото гратче некогаш познато само по раноградинарските производи, да прерасне во нова бизнис престолнина на Македонија. Странските инвеститори кои на терен веќе почнаа да градат хотели и казина, го претвораат околниот дел на Гевгелија во еден сосема нов град. Град за забава, одмор и релаксација...

Маја Бајалска
mailto:bajalska@kapital.com.mk - bajalska@kapital.com.mk   
Игор Петровски
mailto:igor@kapital.com.mk - igor@kapital.com.mk   

Животот во градот со медитеранска клима не е толку евтин како што е во другите градови во внатрешноста, споредени со Скопје. Екипата на Капитал начека пазарен ден, па видовме она што не се надевавме. И во оранжерискиот град доматите чинат над 100 денари килограм. Мештаните велат: “Бидејќи Грците доаѓаат да пазаруваат, сe поскапува”.

"Добредојдовте во Гевгелија-Последната станица пред морето!”
Со овој слоган, испишан на голем патоказ на влезот на Гевгелија, локалните власти ќе ги дочекуваат странските туристи кои секоја година враќајќи се дома или одејќи на годишен одмор на море, ќе поминуваат низ најјужниот македонски град. Но, патоказот со звучниот слоган нема да биде само гола реклама, туку ќе упатува не само на она што е Гевгелија денес, туку и на она во што Гевгелија ќе прерасне во годините пред нас.
Според податоци од Општината, на граничниот премин Богородица, годишно транзитираат три милиони патници. Голем дел од нив се Турци кои живеат во странство, а за време на годишните одмори, кога одат кон Турција, поминуваат низ Гевгелија.
“Со сите најавени странски инвестиции, како и со напорите кои ги прави Општината целта ни е Гевгелија да прерасне во туристичко-забавен град кој ќе ги задржува сите овие транзит -туристи да останат некое време во градот и овде да потрошат пари”, вели Ристе Атанасовски, директор на Центарот за локален развој во Гевгелија.
Токму тоа е визијата на локалните власти. Малото гратче, некогаш познато само по вкусните оранжериски производи, со изградба на повеќе нови објекти во туристичко-угостителскиот сектор, да прерасне во нова бизнис престолнина на Македонија.
И веднаш да ги предупредиме скептиците. Овој сон воопшто не е неизводлив. Напротив многу е реален, ако се има предвид напливот на странски инвеститори, кои во последните неколку месеци се “грабаат” за земјиште во оваа македонска општина.
Така, според најавите на локалната власт, најмалку 300 милиони евра странски инвестиции ќе влезат во Гевгелија во следните две години, ако инвестициите на турски Принцес Груп, на американски Калифорнија Ресорт и на словенечкиот Терме Олимија, се реализираат според планот.

“Казинскиот туризам е индустрија и така треба да го сфатиме. Кај нас кога ќе се спомне казино, веднаш мислиме на нешто сомнително, неморално... Доколку државата знае како да го регулира тој бизнис, не може да има перење на пари. Колку само за споредба, во Лас Вегас, просечен Американец троши 40 долари дневно, а Грците овде во казино трошат 400 долари во просек. Па ако сакаат да трошат, дајте луѓе да им ги земеме парите!”, вели градоначалникот на Гевгелија, Драги Делев, кој општината ја гледа како иден туристичко- забавен центар

Свежиот странски капитал од сегашните зелени полјани на влезот на градот, кои се простираат по должината на Вардар, ќе создаде “златни бунари” од кои локалната економија ќе ја црпи својата сила.
А локалната власт веќе почна да покажува дека самостојно може да генерира економска моќ. Како резултат на зголемена наплата на даноци и комунални такси, буџетот на Општина Гевгелија за оваа година изнесува 5,2 милиони евра. Ова претставува раст од 53% во однос на претходната 2007 година, кога општинскиот буџет изнесувал 3,4 милиони евра (207 милиони денари)
Но, ако навалицата од странски инвеститори продолжи, зголемени буџети од комуналните такси и општинските даноци, во Гевгелија допрва ќе има.
Странските инвеститори ќе го претворат предворјето на градот и околниот дел на Гевгелија во еден сосема нов град. За туристите тоа ќе биде град на забава, одмор и релаксација, а македонската економија во "новата Гевгелија" ќе го открие своето "национално богатство". Градот низ кој поминува најфреквентната сообраќајница во државата, магистралниот пат Е-75 кој е дел од Коридорот 10, ќе прерасне во високо-профитабилен забавно-туристички центар.
Хедонизмот што ќе зрачи од атрактивните хотели и забавни паркови ќе ги мами странските транзит- туристи, попатно да застанат барем неколку дена и да потрошат дел од својот летувалски буџет и во Македонија.
Гевгеличани ќе ви речат дека нивното гратче отсекогаш имало подобар стандард на живеење од просекот на Македонија, а и деновиве животот во градот со медитеранска клима не е толку евтин како што е во другите градови од внатрешноста споредени со Скопје.
Но, и платите на работниците во фамозното хотел- казино Фламинго, кое вработува 500 луѓе, не се воопшто ниски. А ако се земе предвид дека најмалку четири хотели допрва ќе се отвораат, конкуренцијата ќе си го направи своето, па платите на градот што граничи со Европската Унија допрва ќе растат.

Туристичко-информативен центар
Уште еден новите проекти на Општината е Туристичко-информативниот центар, кој се наоѓа во центарот на градот.
“Туристичко информативниот центар е отворен на први март годинава, а неговата главна задача е запознавање на туристите со информации за градот. Станува збор за заедничка иницијатива на Општината и UNDP, а 45% од инвестицијата е на фондацијата Отворено општество”, вели Лидија Ичоќаева, волонтер во Центарот.
Таа објасни дека идејата е Центарот да соработува со сите туристички агенции, со цел заеднички да се организираат посети на странски туристи.
Екипата на Капитал во Центарот пронајде неколку различни брушури со информации за градот и неговите знаменитости, почнувајќи од џебни флаери, мапи на градот и мапи за ски-центарот Кожув, до туристички водичи и разни публикации за туристичко-угостителската понуда на Гевгелија.

И ако до неодамна Скопје го имаше приматот на град во експанзија, чија површина одвај ги собира новодојденците кои во потрага по пристојна работа доаѓаат и остануваат да живеат во главниот град, денес многумина предвидуваат дека Гевгелија ќе предизвика сосема обратен процес. Гевгелија ќе стане своевиден феномен. Од еден периферен земјоделски град ќе прерасне во профитабилен туристички центар. Тоа ќе создаде дефицит на работна сила, па локалните бизнисмени ќе почнат да најмуваат работници од другите околни градови. Истовремено, во услови на општа невработеност и луѓето самите ќе почнат една обратна миграција. Наместо на север- Македонците ќе почнат да се населуваат на југ.

Најголемите инвестиции чекаат урбанистички планови
Визија за развој на општината има, но реализацијата на инвестициите оди бавно, најмногу поради бавното донесување на урбанистичките планови.
Градоначалникот на Гевгелија Драги Делев општината ја гледа како иден туристичко-забавен центар.
“Казинскиот туризам е индустрија и така треба да го сфатиме. Кај нас кога ќе се спомне казино, веднаш мислиме на нешто сомнително, неморално... Доколку државата знае како да го регулира тој бизнис, не може да има перење на пари и слично. Колку само за споредба, во Лас Вегас, просечен Американец троши 40 долари дневно, а Грците овде во казино трошат 400 долари во просек. Па ако сакаат да трошат, дајте луѓе да им ги земеме парите!”, вели Делев.
Инаку, Делев минатата година беше во официјална посета на градоначалникот на американскиот коцкарски град Лас Вегас.
“Еден хотел во Лас Вегас кој има 2.000 соби, носи помалку профит од еден хотел со 200 соби изграден овде, затоа што тамошните прилики се многу поразлични. Во Лас Вегас 70% од приходот го зема државата”, објаснува Делев.
Тој потенцира дека голем проблем во реализација на странските инвестиции се административните процедури кои неизбежно ги врзуваат со централната власт. Конкретно, двете најкрупни инвестиции во Гевгелија во моментов, на Калифорнија Ресорт и на Терме Олимија се на “стенд бај”, поради недефинирани урбанистички планови.

“Од пред две години ги знаеме намерите на странските инвеститори. Тие испратија писмо на намери и до Владата, но сe уште се чека на разни процедури кај централната власт при носењето на урбанистичките планови. Губиме време одејќи по сите министерства и ако два пати не вратат поради нецелосна документација, тогаш постапката почнува одново. Според мене, прво што треба да се направи е урбанистичките планови да се носат во поедноставена процедура”, вели Делев.

Кои се другите инвестиции?
  • Ветроелектрани. Инвестицијата е на австриската компанија Нова енергија, која во Гевгелија преку новорегистрираната фирма Ветропарк, наскоро треба да почне со поставување на 40 ветроелектрани, кои годишно ќе произведуваат 4,5 милиони киловат часови енергија.
  • Бензиска пумпа на руски Лукоил. Компанијата е во потрага по соодветна локација, од осумте понудени.
  • Супермаркет на словенечки Енгро Туш. Преговорите за откуп и трансформација на земјиштето во градот се почнати.
  • Хотел што на автопатот Гевгелија Негорци го гради скопската фирма Беграмо Инжињеринг. Капитал и порталот Тотал ја најавија оваа инвестиција пред две години. Инвестицијата која е во крајна фаза тежи 800.000 евра.

Инаку, најголемиот луксузен хотелски комплекс кој ќе има казино во свои рамки, ќе биде оној кој се спрема да го гради американската компанија Калифорнија Ресорт. Ќе се гради на локација од 4,5 хектари, на влезот на Гевгелија, по должината на крајбрежјето на реката Вардар и автопатот што води кон градот.
Иако од Општината Гевгелија за Капитал неодамна најавија дека во април ќе почне изградбата на овој хотелски комплекс, поради забавеното носење на урбанистичките планови, почетокот на изградбата на објектот доцни.
Инвеститорите од Калифорнија Ресорт веќе основале своја фирма во Гевгелија, која се вика Гитони. Најавено е дека инвестицијата ќе тежи 160 милиони евра, а во комплексот ќе се вработат 1.500 луѓе. Комплексот ќе има хотел со 580 соби, казино, шопинг центар од 13 илјади квадратни метри, конгресни сали, спа центар, покриен паркинг простор за 600 возила, тениски и голф игралишта, базени.
На истиот потег во предворјето на Гевгелија, кај геотермалните извори кај месноста Смоквица, треба да се гради и бањскиот комплекс Терме Гевгелија. Инвеститорот словенечката компанија Терме Олимија има најавено дека инвестицијата ќе вреди 50 милиони евра. Станува збор за луксузен бањски комплекс, кој ќе располага со 220 хотелски соби, комплекс со базени, воден забавен парк, рекреативен центар, казино и конгресен центар и други придружни објекти. Интересно е што овие геотермални извори досега не се екплоатирани.

Но, и за двете инвестиции општинските власти чекаат одобрување на урбанистичките планови кај централната власт.
Добро што барем една од бомбастично најавените инвестиции досега не е закочена. Тоа е изградбата на познатиот хотелски бренд Шератон во Гевгелија. Инвестицијата е на турскиот хотелски синџир Принцес, кој ја откупи франшизата на Шератон и веќе работи на подготување на локацијата. Вкупната инвестиција тежи 30 милиони евра, а проектот ќе вработи 500 луѓе. Хотелскиот комплекс ќе биде составен од хотел со 200 соби, казино, ресторани, тераси.
Екипата на Капитал отиде на локацијата каде Принцес неодамна почна да гради. Местото се наоѓа на излезот на Гевгелија, спроти хотел-казиното Фламинго. На терен ги затекнавме градежните работници ангажирани од изведувачот-градежната фирма Гема. Нивниот раководител ни рече дека според договорот со инвеститорот градежните работи треба да бидат завршени за 20 месеци.
Како што најави градоначалникот Делев, за изградба на хотел со казино, неодамна интерес пројавила и американската Силверстајн. Станува збор за голема инвестициска компанија за градежни проекти, која го надгледува градењето и на новиот Светски трговски центар во Њујорк, на местото на срушените кули близначки.
Според Делев, Силверстајн сакаат да купат 25 хектари земјиште и да градат објект од 250 милиони долари. Станува збор за хотел-казино со 5.000 легла, капацитет каков што нема во регионов. Во општината велат дека поседуваат и маркица за хелиодром, затоа што инвеститорите сакаат да носат гости и од Турција.
Од Силверстајн во моментов се чека писмо за намери, што Општината ќе го препрати до Владата и ќе бара од неа да даде цврсти гаранции, потребни за вакви големи проекти.
Гевгелија е мал град со 23.000 жители. Но, за разлика од многу други македонски гратчиња, кои запустеа после затворањето на клучните фабрики каде беше вработен “целиот град”, во ова јужно гратче многу ретко ќе најдете некој што не работи. Сите “бркаат” некој бизнис.
Иако официјалната статистичка бројка на невработеност изнесува 22%, во градот и околните села речиси и да нема некој што не работи. Се разбира голем дел од активното население, кое е ангажирано, а не е во работен однос, се работници во земјоделскиот сектор и текстилната индустрија. Статистиката покажува дека најголемиот процент од жителите се со средно образование.
Уште една нетипичност на ова гратче- како што во Западна Македонија фирмите имаат двојазични реклами, така и овде натписите на фирмите се двојазични. Но, овој пат, двојазичноста е македонско-грчка. Па дури и во периоди на политичка напнатост, на Гевгеличани ова не им смета, бидејќи тие одамна сфатиле што е штосот на бизнисот.
Прашавме што ќе се случува во Гевгелија кога ќе се отворат сите овие хотели? Кој ќе работи таму, ако и сега градот нема невработени граѓани? Бидејќи само Шератон, Калифорнија Ресорт и Терме Гевгелија, ќе отворат над 2.000 работни места.
Но, дали квалификациите на локалното население ќе можат да ги задоволат барањата на странските инвеститори, кои бараат кадар кој зборува неколку странски јазици или кој има специфични вештини како што е менаџмент на храна и пијалаци и слично?
Општината се сетила дека ова ќе биде отворено прашање, па веќе повела иницијатива “за гаснење на пожарот”. Поради многуте најавени инвестиции во туристичко-угостителскиот комплекс, на почетокот на годинава е формиран општински Центар за едукација на граѓаните.

Приватни клиники може да носат голем профит
Шетајќи низ Гевгелија ќе забележите дека на секој чекор во центарот има по една стоматолошка ординација, каде што Грците од околината на Солун евтино си ги поправаат забите. Токму во делот на медицинските услуги некои од локалните бизнисмени гледаат голем и неискористен потенцијал за бизнис.
Велат, можеби треба да почне да се размислува, покрај стоматолошки услуги, некој инвеститор да изгради и модерна болница, во која би се нуделе сите сложени клинички прегледи. Тоа би било одлична можност да се заработи, бидејќи Грците веднаш би дошле овде да се прегледаат, затоа што кај нив истите медицински услуги се неколкукратно поскапи.

Младина насочена кон туризмот
“Опфатени се луѓе од 18 до 35 години, а целта ќе биде да ги зголемат своите знаења од областите на туризмот и угостителството. Веќе се држат курсеви за изучување на странски јазици, обуки за казино менаџмент и маркетинг, потоа менаџмент на храна и пијалаци и сe она што би ги окфалификувало граѓаните за овој бизнис”, вели Ристе Атанасовски, директор на Центарот за локален економски развој во Гевгелија.
Како што информира Атанасовски, овој проект е финансиран од Општината и од фирмата Гитони, која во Гевгелија е основана од страна на странските инвеститори од Калифорнија Ресорт, за да може да ја реализира инвестицијата.
“Досега добивме пријави од 400 апликанти. Првите обуки почнаа на први март и ги посетуваат 100 лица. Центарот ќе функционира најмногу две до три години, а обучувачите се реномирани светски стручњаци”, вели Атанасовски.
Тој потенцира дека покрај ваквите проекти на Општината, во Гевгелија е неопходно да се отвори и факултет за туризам.
“Мислам дека факултет е повеќе од потребен за една ваква општина. Секоја година имаме зголемување на бројот на средношколци кои се насочуваат во угостителската насока. Кога овде би доаѓале студенти од цела Македонија ќе има и каде да се оди на пракса”, посочува Атанасовски.
А во градот “рамен како тепсија”, неофицијално се зборува дека одамна напуштената управна зграда на некогашен Винојуг Гевгелија, ќе стане факултет за туризам на еден од приватните универзитети.

Од оранжериски град до хотелски рај
Гевгелија отсекогаш била позната по вкусните оранжериски производи, кои само таму виреат со таа убавина и квалитет. Поради близината со Егејското море, Гевгелија и околните села имаат типична медитеранска клима, со број на сончеви денови кој може да се спореди само со неколку места на Јадранот и Медитеранот воопшто. А факт е дека структурата на локалната економија досега најмногу се потпираше на примарното земјоделско производство и на преработките од раноградинарски зеленчук и овојше.
Откако големите земјоделски комбинати како Вунојуг и Зора се распаднаа, производствата се расцепкаа на делови. Сега во Гевгелија добро работат шест конзервни фабрики, кои заедно произведуваат колку што било вкупното производство на комбинатот Зора . Извезуваат, нивното производство расте, но не со саканата динамика, бидејќи настапувајќи поединечно многу се мали за потенцијалите на огромниот светски пазар.
Сепак, за две години, македонските конзервни капацитети, кои во најголем дел се сконцентрирани во овој гевгелиско-валандовски регион, го зголемиле извозот за над 230%, од 12 милиони евра во 2005 година на 40 милиони евра минатата година.
Сопствениците на конзервните фабрики велат дека државата може мн



Posted By: vardar
Date Posted: 29-May-2008 at 14:54
Bravo za gevgelija, koga i da ima nesto po vesnicive za ovoj grad sekogas e najpozitivno...samo malce me razocara ova  Bash
 
Конкретно, двете најкрупни инвестиции во Гевгелија во моментов, на Калифорнија Ресорт и на Терме Олимија се на “стенд бај”, поради недефинирани урбанистички планови.
 


Posted By: blejdsk
Date Posted: 22-Jun-2008 at 20:27
Bravo bravo ,,,,gleam iako ne sum vo Skopje dosta se raboti i mnogu proekti ke zapocnat da se realiziraat ..........samo napred i pozzdrav do site

P.S Dobro so e rabota so crkvana ,dali imaat akal u glavata so pravat .....ccccc


-------------
Nothing's Gonna Stop Us Now
WE ARE ALL ONE.


Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Jun-2008 at 20:40


Kaj te snema be blejd? Pozdrav Cheers


Posted By: blejdsk
Date Posted: 22-Jun-2008 at 20:45
Vo egejot sum ,,,se vrakam vo septemvri..............

-------------
Nothing's Gonna Stop Us Now
WE ARE ALL ONE.


Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Jun-2008 at 21:33
Originally posted by blejdsk

Vo egejot sum ,,,se vrakam vo septemvri..............


slikaj gi hotelite kaj Gevgelija na vrakjanje


Posted By: dejan
Date Posted: 23-Jun-2008 at 01:08
I gradot neka go slika da go vidime I kasinata.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jun-2008 at 01:49

ДОДЕКА ИНВЕСТИТОРОТ И ОПШТИНАТА СЕ ПРЕПУКУВААТ


Паркингот отиде курбан


Надлежните од АДГ "Илинден" сметаат дека просторот околу станбениот објект лоциран кај рампата во Кисела Вода треба да биде уреден, а не да претставува запуштено земјиште со руинирани куќички и обраснато со грмушки. Од Општина Кисела Вода, пак, велат дека дел од паркингот е направен без дозвола и на државно земјиште


Градежното претпријатие "Илинден" револтирано од уривањето на уредениот простор пред еден од нивните станбени објекти, лоциран кај рампата во населбата Кисела Вода, вчера ги обвини општинските власти дека уриваат и таму каде што не треба. Надлежните од "Илинден" сметаат дека станарите треба да имаат уреден простор околу зградите во кои се вселени, а не запуштено земјиште со руинирани куќички и обраснато со грмушки. Сепак, вчера во присуство на полицијата голем дел од паркингот пред објектот изграден од бекатон-плочки беше отстранет, со образложение дека земјиштето е државно. Од АДГ "Илинден" со спротивен став.

- Овдека станува збор за самоволие на општинските власти на Кисела Вода. Како да им пречи нешто да е направено како што треба, убаво за око, и пред се пријатно да се чувствуваат и станарите и граѓаните на Општина Кисела Вода. Порано на овој простор беа руинирани куќички, грмушки...Сега тука е направен паркинг простор со бекатон-плочки, со целосна канализациона инфраструктура, одвод и довод за што вложивме финансиски средства. Од друга страна имаме право за времено користење на овој дел и документација за тоа. Не се руши каде што треба, туку овде каде што убаво е уредено, вели Биљана Манојловска, правен застапник на АДГ "Илинден", каде што сметаат дека всушност Општината требало да ја заврши целата инфраструктура околу објектот. Против уривањето на паркингот се и дел од станарите кои таму ги затекнавме, но повеќето се воздржаа од коментар.

Во Општина Кисела Вода потврдуваат дека просторот е навистина уреден, но потенцираат дека дел од паркингот со површина од 1007 метри квадратни е направен без дозвола од Општината и на земјиште кое е во државна сопственост.
- До нас не е доставено одобрение за градба на паркинг и затоа им беше доставено решение и заклучок за уривање на овој паркинг простор, но немавме одговор од нивна страна, одговараат во Општината.


http://vecer.com.mk/?ItemID=CE9E98ECC755884EBE369A052DBE6963



Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jun-2008 at 01:51
Крајно некоректно понашање од страна на општината. Демонстрираат сила врз паркинзи коишто треба да се добредојдени.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Jun-2008 at 17:41
pbanks, иако се слагам дека треба да има некаква студија за ова со катните гаражи, мислам дека сме далеку од моментот кога ќе треба да се плашиме дека ќе ги имаме премногу. Дополнително, мислам дека дури и голем "overcapacity" за ваква работа е многу подобро од мал "undercapacity".


А ова што општина Кисела Вода била толку ажурна во уништување на паркингот (дури и да земеме дека легалистички се комплетно во право, мада Илинден тоа го негира), баш ме наведува на размислување зошто се замижува пред огромни урбанистички злоупотреби и зошто токму некој паркинг кој на никому не му пречи туку напротив е корисен, е токму приоритет за општината...


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Jul-2008 at 15:58
Originally posted by lslcrew

Да не случајно зградата ќе биде на управниот суд?! Сега знам дека имаат простории во пошта.


Не ми текнува. Ќе пробам да ја најдам информацијата на SSC таму ја имавме постирано на времето.


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Jul-2008 at 09:21

Амбасадите и музеите добија приоритет

За сметка на овие капитални објекти се намалени парите предвидени за изградба на основни и средни училишта, училишни спортски сали  и на студентски домови


За северната трибина на Градскиот стадион се предвидени околу шест милиони евра повеќе отколку во буџетот донесен лани

Изградбата на музеи, концертни сали, театри, спортски објекти и на амбасади во странство годинава ќе добие приоритет пред градењето основни и средни училишта, училишни спортски сали, водоводи и проекти за гасификација. Со измените во буџетот за годинава, Владата ги зголеми расходите за капитални инвестиции за 25,4 отсто. Најмногу од нив ќе се искористат за изградба на амбасади во странство и објекти од културата. Расходите на Министерството за надворешни работи наменети за купување и за изградба на амбасади на Македонија во странство се зголемени за околу три милиони евра. Повеќе пари доби и Министерството за култура, чии трошоци за градење капитални објекти пораснаа за 2,9 милиони евра. Парите се наменети за изградба на Стариот театар, Градската куќа и за реконструкција на куќата на Мајка Тереза во Скопје, како и за монументална фонтана на скопскиот плоштад Македонија. Ќе се градат и музеј на вода во Охрид, а метрополата ќе добие музеи посветени на ВМРО и на жртвите од комунизмот. Дел од парите е наменет за изградба на Универзитетот на Свети Климент кај Плаошник, надградба на Универзитетската библиотека во Скопје, театар во Велес, како и за нова концертна сала за Македонската филхармонија. За доизградба на северната трибина на Градскиот стадион во Скопје се предвидени околу шест милиони евра повеќе отколку во буџетот донесен пред почетокот на годинава.

ПОМАЛКУ ПАРИ ЗА УЧИЛИШТА

За сметка на овие капитални објекти, намалени се парите предвидени за изградба на основни и за средни училишта, училишни спортски сали и на студентски домови. Наместо тоа, ќе се реконструираат постојните, а зголемени се расходите за изградба на капитални спортски објекти. Со ребалансот на буџетот, парите предвидени за изградба на основни училишта се намалени за 1,6 милион евра, а тие за инвестиции во спортски објекти се зголемени за 2,8 милиони. Министерот за финансии Трајко Славески објаснува дека зголемувањето или намалувањето на планираните расходи за одредени капитални инвестиции се должи на тоа што надлежните имале една процена во октомври, кога се проектираше буџетот, но дел од работите на терен досега се промениле.

- Направивме процена кои проекти може да се завршат, а кај кои се појавиле застои или проблеми при реализацијата. Кај таквите, парите наменети за нив се пренасочуваат на друг проект, којшто е поприоритетен или има изгледи да се заврши поскоро. Тоа не значи дека парите за капиталните објекти во образованието се скратени. И реконструкцијата на училиштата се смета за капитална инвестиција - вели Славески.

ОБИКОЛНИЦИТЕ ЌЕ ПОЧЕКААТ

Со ребалансот на буџетот, парите наменети за изградба на обиколница околу Виница и Стар и Нов Дојран, како и за изработката на студии за гасификација целосно се пренаменети за други цели. Помали расходи се предвидени и за санација на свлечиштата, за изградба на фекални канализации во неколку рурални подрачја, за подобрување на водоснабдувањето во Тетово и во Свети Николе. Дел од буџетот е планиран и за хидросистемите Злетовица и Лисиче. Од Владата објаснуваат дека голема инвестиција во образованието годинава ќе биде целосното реализирање на проектот „Компјутер за секое дете“, при што ќе бидат вложени и 9,5 милиони евра за средување на електричната инсталација во сите училишта. Професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Мирољуб Шукарев смета дека е подобро парите од зголемениот буџет да се потрошат за проекти што ја поттикнуваат стопанската активност.  Со тоа дополнително ќе се зголеми јавната потрошувачка, а тоа ќе го подгрее порастот на инфлацијата. Со ова, надворешните фактори за пораст на трошоците на живот - поскапувањето на храната и на нафтата на глобалниот пазар - ќе се дополнат и со домашен - предупредува тој.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A91A9AB3F034A440A8C57F78BE120DA5 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A91A9AB3F034A440A8C57F78BE120DA5


Posted By: vardar
Date Posted: 25-Jul-2008 at 03:39
Катлановска бања ќе инвестира осум милиони евра во спа-центар
 
Спа центарот Катлановска бања планира во наредните неколку години да инвестира осум милиони евра во развојот на бањски туризам и доизградба и опремување на спа- центарот, дознава “Тотал“. Во рамките на постоечките објекти во Катлановска бања се планира изградба на хотел со четири ѕвездички со капацитет од 150 легла, трим патека до изворите на минерална вода и отворен базен во кој преку цела година просечната температура ќе биде 38,5 степени.
“Спа- центрите стануват се поголем тренд во светот и не се наменети само за болни, туку и за здрави луѓе кои после напорниот работен ден бараат одмор и рекреација. Во реновираниот спа- центар Катлановска бања дневно доаѓаат неколку стотици посетителите кои се рекреираат во големиот базен, кабините со минерална вода и индивидуални базени за 4-5 лица. Спа- центарот нуди и комплетна здравствена заштита и контрола на пациентите кои се тука на рехабилитација”, вели д-р. Мишо Михајловски, директор на спа- центарот Катлановска бања.
(Toтал)
 
http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=11717&mid=303&tabId=1&tabindex=0 - Total


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Jul-2008 at 03:50
Стварно спа-турзмот во македонија не е воопшто актуелизиран. Барем имаме и квалитети со коишто можеме да се пофалиме. Унгарија млати огромна пара само од спа-туризам. Штета такви потенцијали да стојат така забаталени на забот на...не на времето, него на системот, на забот на системот.


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Jul-2008 at 19:58
Новиот комплекс ќе ја замени
Скопје
„Макпетрол“ почна да гради комплекс составен од бензинска пумпа, продажен салон за возилата „хонда“ и негов сервисен дел на местото каде што се наоѓаше нивната бензинска станица на улицата Илинденска во населбата Карпош 3. Од компанијата велат дека целата инвестиција е нивна, а значајно е тоа што во салонот што ќе го отворат кон крајот на оваа година ќе ги воведат стандардите што за „Хонда“ во Јапонија ќе важат од идната година.

ПРВО БЕНЗИНСКА, ПА САЛОН ЗА АВТОМОБИЛИ

Реконструкцијата на оваа бензинска пумпа почна пред една недела, кога целосно беше урнат стариот објект. Од „Макпетрол“ објаснуваат дека новата пумпа ќе зафаќа површина од 200 квадратни метри и ќе изгледа како сите новоизградени објекти од тој тип, според најновите стандарди. Во неа ќе се продаваат сите горива, меѓу кои и течниот нафтен гас. Бензинската ќе се пушти во употреба за најмногу два месеца, а преостанатиот дел од комплексот, односно салонот и сервисот за „Хонда“ ќе бидат готови во декември годинава и ќе се простираат на површина од 2.300 квадратни метри. Тој ќе има три нивоа, и тоа подрум, приземје и галерија. Сервисниот дел, кој досега бил сместен во дирекцијата на фирмата, ќе се премести во новиот објект. Исто така, хортикултурно ќе се уреди и околината. „Макпетрол“ е единствениот инвеститор на објектот, а изведувач на градежните работи е фирмата „Гранит“.
- На тоа место се наоѓаше една од нашите најстари бензински пумпи, а ќе изградиме целосно нов комплекс. Особено сме горди со тоа што ќе ги исполниме новите стандарди на „Хонда“ уште пред тие да почнат да важат во нивната матична земја - истакнуваат од „Макпетрол“.

ОПШТИНАТА НЕ ЗНАЕ НИШТО

Од општината Карпош, пак, истакнуваат дека се уште е во тек процедурата за издавање на градежната документација. Тие досега не одлучиле дали ќе ја издадат дозволата, иако старата бензинска пумпа е веќе урната. Знаат само дека станува збор за реконструкција на пумпата, а не слушнале ништо за најавената изградба на целиот комплекс, вклучувајќи ги и салонот и сервисот за автомобили.
- Се работи на реновирање на пумпата, тоа е се што знаеме - велат од општината.


http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1075&ArticleID=59343


Posted By: vardar
Date Posted: 30-Jul-2008 at 16:19
Може и у вести Bash


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jul-2008 at 16:31
Абе ок, немој одма со насилство да почнуваш Big%20smile

Ја ти го пребацив пошто нишката реставрација/реконструкција е наменета за објекти од културното наследство, а од досегашна пракса вакви и слични чланци идат тука.


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Jul-2008 at 16:36
А јас не знаев дека постот е префрлен и се чудев каква таблета кркнал вардар кога го пишувал Crazy


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Aug-2008 at 11:52
Бидејќи Министерството за транспорт ја изгуби убавата навика да дава графички прилози со огласите можеме само да нагаѓаме дека ова е некаде карши Мала Станица. Но јас таму немам видено дека рушат бараки Dunno

СЕ ПРОДАВА УШТЕ ЕДНА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА ЗАД „РАМСТОР“
Деловен објект во соседство на луксузниот„Резидор“

По почетна цена од 8.500 денари за еден квадратен метар, ќе се продава уште една парцела зад старата железничка станица. Информацијата за продажбата стои на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски, а станува збор за локацијата до градилиштето за хотелот „Резидор“, каде што општината Центар почна да руши неколку бараки на Владата и на јавното претпријатие „Јасен“. Според деталниот урбанистички план „Стара железничка станица“, на земјиштето предвидено е да се гради деловен објект. Градежната парцела ќе се простира на околу две илјади квадратни метри од вкупните 4.700, а дозволената висина на објектот е 21 метар. Учесниците во јавното наддавање ќе треба да уплатат и депозит во износ од 3.995.000 денари односно 10 отсто од почетната цена. Во условите е наведено дека заинтересираните инвеститори, меѓу другото, ќе треба да поседуваат најмалку пет деловни или бизнис објекти и да имаат капитал во инвестиции во недвижности од минимум 500 милиони американски долари. Пријавите за учество треба да се достават најдоцна до први септември. Паралелно со оваа локација е ограден просторот за изградба на ексклузивниот хотел со пет ѕвездички од синџирот „Резидор“. Засега се вади само асфалтот, а дрвјата и канделабрите во оградениот плац се уште стојат. Хотелот треба да има 130 соби, 15 претседателски и десет луксузни апартмани, неколку сали, како и ресторан, бар, фитнес-сала и базен. Продажбата на државното земјиште, каде ќе се гради овој објект, беше проследена со многу обвинувањата од опозициската СДСМ која тврдеше дека не се правел избор меѓу странски компании, туку дека зад целиот проект стои газдата на „Орка“. Сопственик на земјиштето стана фирмата „ХЛХ МАЦ ЛЛП“ која на јавно наддавање ја купи парцелата за 8.500 денари за еден квадратен метар. Целиот потег зад поранешната железничка станица, од новата зграда до „Рамстор“ која ја гради НЛБ-групацијата, па се до дисконтот „Тинекс“, до Цветниот пазар, изминативе години е цел на продажба за изградба на неколку објекти. До хотелот од синџирот „Резидор“, продадена е уште една парцела предвидена за трговски центар, а на местото на пазар за цвеќе во деталниот план е планиран простор за пазар од затворен тип.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1471&ArticleID=96097


Posted By: vardar
Date Posted: 08-Aug-2008 at 12:04
Каква локација а...
 
а дозволената висина на објектот е 21 метар.
 
Bash  Wallbash


Posted By: 46&2
Date Posted: 08-Aug-2008 at 12:24
Originally posted by pbanks

Бидејќи Министерството за транспорт ја изгуби убавата навика да дава графички прилози со огласите можеме само да нагаѓаме дека ова е некаде карши Мала Станица. Но јас таму немам видено дека рушат бараки Dunno
 
Ne znam ni jas kade e taa lokacija ako znae nekoj neka pokaze na GoogleEarth Roll%20eyes


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Aug-2008 at 12:39


Па јас претпоставувам дека се работи за овој дел. Е сега колкав дел од парцелава се нуди (ако е воопшто таа) останува мистерија




Posted By: 46&2
Date Posted: 08-Aug-2008 at 13:02

Ili pak mozebi e lokacijata zad Equest odejki kon Kisela Voda sto se protega do nadvoznikot bidejki tamu ima baraki so kancelarii i e vednas zad Stara Zeleznicka



Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Aug-2008 at 13:04
Originally posted by 46&2

Ili pak mozebi e lokacijata zad Equest odejki kon Kisela Voda sto se protega do nadvoznikot bidejki tamu ima baraki so kancelarii i e vednas zad Stara Zeleznicka



Da no objavata veli deka placot e vednas do Rezidor. Od stranata koja zboruvas vekje e zalepen objektot na Equest taka da ovaa ostanuva edinstvena slobodna strana.


Posted By: 46&2
Date Posted: 08-Aug-2008 at 13:13
Da ama lokacijata ni od blisku ne e zad Zeleznicka. Naskoro ke se doznae koja e i koj ja kupil samo ova 21 metar e malku (p+6 )Crazy


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Aug-2008 at 13:14
Originally posted by 46&2

Da ama lokacijata ni od blisku ne e zad Zeleznicka


Nisto ostanuva da vidime. Tvojata varijanta e dosta logicna bidejki taa lokacija za koja zboruvas ja spremaa za licitacija pred izborite no ja odlozija rabotata bas poradi izborite.

E sega pa tamu se e rascisteno nema vekje sto da se rusi... Koj gi znae... da pocekame da vidime.


Posted By: 46&2
Date Posted: 08-Aug-2008 at 13:17
Samo da e nekoj razumen investitor i da bara pogolema visina za objektot ( se salam)Laugh


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Aug-2008 at 13:56
Originally posted by 46&2

Samo da e nekoj razumen investitor i da bara pogolema visina za objektot ( se salam)Laugh


Очигледно 21m е максимумот за целиот тој поширок локалитет...


Posted By: twin
Date Posted: 08-Aug-2008 at 14:28
mngu sum razocaran od visinata na objektite 21 metar e mnogu malce  Ohno


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Aug-2008 at 05:52

ОБЈАВЕН МЕЃУНАРОДЕН ТЕНДЕР ЗА ПРОДАЖБА НА ПРЕОСТАНАТИОТ ДЕЛ ОД УЛИЦАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА


Се продава плац за деловна зграда до Резидор


Почетната цена објавена на меѓународниот тендер за продажба на градежното земјиште од вкупно 4700 квадрати е 8500 денари


За почетна цена од 8500 денари по квадрат се продава локацијата на улицата "Железничка" позади Рамстор каде на 4700 квадрати ќе се гради деловен центар. Министерството за транспорт и врски деновиве го објави меѓународниот тендер за јавно наддавање на кој право да учествуваат имаат домашни фирми или физички лица, компании со мешовита сопственост или правни лица основани од странски физички и правни лица регистрирани во Централниот Регистер.

Меѓу условите кои треба да ги исполнува заинтересираната компанија е таа да има најмалку пет деловни или бизнис објекти, да има инвестиции во недвижности од најмалку 500 милиони долари и да котира на една од берзите на земјите членки на ЕУ, Јапонија, САД или на една од берзите во државите кои се членки на ОЕЦД. Од Министерството за транспорт велат дека строгите услови што се предвидени, всушност, ја гарантираат сигурната изградба на објектите
- Се бараат сериозни компании, светски брендови кои сакаат да инвестираат во државава. Целта на оваа објава е да се привлечат сериозни инвеститори, односно компании кои поседуваат познати брендови за строгиот центар на Скопје да добие луксузен, европски изглед - вели портпаролот на ресорното Министерство, Драган Симоновски. Тој додава дека и оваа инвестиција отвара можност за нови вработувања како и збогатување на туристичката понуда на главниот град.

Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се доставуваат најдоцна до 1 септември, а јавното наддавање ќе се одржи десет дена подоцна. Почетна цена на јавното наддавање за целата парцела изнесува 39,5 милиони денари (околу 650 илјади евра), а депозитот за учество во наддавањето изнесува 10 отсто.

Оваа е трета локација на "Железничка" што се продава на меѓународен тендер. Сопственици на првите две каде на повеќе од 10.000 квадрати ќе се гради луксузен хотел и трговски центар се реномираните британски компании "Резидор хотел груп" и "Еквест". Општина Центар, деновиве забрзано ја расчистува локацијата од времени објекти. Се уриваат неколку бараки на Владата и на ЈП "Јасен".


http://vecer.com.mk/?ItemID=1E3B16516126894DB982DA5D37625239


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Aug-2008 at 15:23
46&2 сепак беше во право, се работи за локацијата во низа накај Кисела Вода


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 11-Aug-2008 at 16:12
Повторно нешто матно и нераеално....

4000м2 е доста мала површина во однос на квалификациите кои што од владата ги бараат за учество на тендерот. Тоа површина 4 пати помала од Рамстор. Ако и висината на објектот не ограничена на 21 метар, тогаш сум сигурен дека НИТУ ЕДЕН таков инвеститор нема да им се јави.

Да видиме што сакал писателот да каже:

- Се бараат сериозни компании, светски брендови кои сакаат да инвестираат во државава. Целта на оваа објава е да се привлечат сериозни инвеститори, односно компании кои поседуваат познати брендови за строгиот центар на Скопје да добие луксузен, европски изглед - вели портпаролот на ресорното Министерство, Драган Симоновски. Тој додава дека и оваа инвестиција отвара можност за нови вработувања како и збогатување на туристичката понуда на главниот град.


Сериозни компании, светски брендови во која област? Трговија, малопродажба, рентање недвижнини???? Или можеби Хотел, бидејќи спомнува на крај збогатување на туристичката понуда....

Ми се чини дека дефинитивно е загубен компасот кај овие луѓе.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Aug-2008 at 16:16
Urban порано имам дискутирано за ова, има некоја дупока у закон, ако двапати падне тендерот, третиот пат може да се иде на непосреден договор без тендер и така се лапаат парцели низ центар. Нешто такво моментално е во тек со земјиштето карши бисер.


Posted By: 46&2
Date Posted: 11-Aug-2008 at 16:43
Originally posted by Cloverstack

46&2 сепак беше во право, се работи за локацијата во низа накај Кисела Вода
 
Big%20smile Па и логично беше тогаш дека е таа локација
 
RockShake


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 12-Aug-2008 at 10:22
Originally posted by lslcrew

Urban порано имам дискутирано за ова, има некоја дупока у закон, ако двапати падне тендерот, третиот пат може да се иде на непосреден договор без тендер и така се лапаат парцели низ центар. Нешто такво моментално е во тек со земјиштето карши бисер.


Значи свесно се мести ситуацијава за на крај некој „ПЕРО ЕНД СТОЛЕ КОМЕРЦ„ во непосреден договор да го купи и да изгради тешка глупост.....Ohno


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Aug-2008 at 10:24
Не би сакал да верувам дека така е, ама налукува на фрката со хотелот што беше, нешто со орка, којзнае тамо што се деси. Има симптоми, ама несакам да го окфалфикувам се уште е рано за шпекулации. Уште партиите не се препукале, рано е.


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Aug-2008 at 22:02
Имам впечаток дека не само што ќе уништат дел од Водно туку ќе ја уништат и ексклузивноста на овој дел.

Нов град се ѕида на падините на Водно

Кај поранешното Олимписко село во изградба се дваесетина згради, а околу десет се веќе при крај


Зад влезот на Олимписко село веќе е почнат нов објект

На местото на Олимписко село на Водно се случува градежна инвазија. Ниските падини на Водно, кои се водат како градежен реон, се освојуваат од инвеститори. Локациите што до вчера беа зелени површина сега се покриваат со бетон. Се уриваат старите објекти и бунгалови и на нивно место се градат висококатници. Во моментов во изградба во и околу Олимписко село се дваесетина згради високи и до седум ката. Десетина други веќе се завршени.

ОФАНЗИВА НА ЗЕЛЕНИЛОТО

Дека на Водно се гради на големо најавува и патот што води кон хотелот „Панорама“. За потребите за поставување на инфраструктурата тој е раскопан во должина од 100 метри и половина од асфалтот го нема. Лево од почетокот на кривината, каде што се наоѓа и таблата на која пишува „Парк-шума Водно“, веќе може да се видат три згради при крај, а зад влезот на Олимписко село веќе е почнат нов објект. Се гледаат работници што ја ставаат првата плоча. Инвеститор е турска фирма. Малку подолу има уште десетина нови згради со бели, зелени и сини фасади. Комплексот, велат од Општина Центар, е продаден уште пред шест години. Тој беше дел од стечајната маса на угостителскиот гигант „Метропол“. Досега, изјавија оттаму, тој е неколку пати препродаван. Немаме информација чие е сега Олимписко село. Кај нас се издаваат само градежни дозволи, но податоци за сопственоста не поседуваме - објаснија од Општина Центар.

ИНТЕРЕС ГОЛЕМ, ПРОДАЖБА СЛАБА

Цената за квадратен метар за становите што се продаваат во овие згради е различна. Од скопските агенции за недвижности велат дека се движат од 1.100 евра до 1.600 евра за квадратен метар. Под 1.100 евра не може да се најде стан на Водно. Сепак, и покрај атрактивната локација, на падините на Водно, односно блискоста на зеленило и далечината од градската загаденост, продажбата не оди како во другите населби.Во агенцијата за недвижности „Асторија“ велат дека продажбата на становите во овие згради оди слабо.-Има побарувачка, но не можеме да кажеме дека е голема како онаа за центарот на градот. Центарот во секој случај е најбаран. За Водно може еден месец да има голема побарувачка, а потоа 11 месеци да не е воопшто актуелно - велат во „Асторија“.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=98A20159830B6D45BBCD8000292A4F39 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=98A20159830B6D45BBCD8000292A4F39


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Aug-2008 at 22:50
На јужен булевар максимум до 10 метри, а на Водно можело и до 7 ката Roll%20eyes



Print Page | Close Window